Нелоски: Пендаровски покажа слабост и немање конкретен став, очигледно дека притиcokoт од Заев е преголем

Поврзано

- Advertisement -

Пендаровски ја покажа својата слаба позиција и немање на конкретен став, притисокот на Зоран Заев е преголем и претседателот Пендаровски не може да се држи до ставот кој го дал две недели претходно, вели Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во Анализа на ТВ 24 говорејќи за променетиот став на Пендаровски во однос на случајот за 27-ми април на средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Кога некој човек на одредена средба и во увертирата има одреден став, видовме и на гостувања на телевизија како вели дека осудените за 27 април заслужуваат правда, дека не го сториле делото за кое се осудени, а потоа после средбата да рече дека тоа не го кажал, тоа говори за слабост Тој ја покажа својата слаба позиција како претседател и немање конкретен став, Го смени за десетина дена, а можеби за 5 дена ќе има нов став, потенцира Нелоски.

Тој истакна дека судскиот процес за 27-ми април се гледа од авион дека е монтиран и истиот се темели врз основа на човек кој 5 пати ги смени своите искази.

– Овој судски процес е политички судски процес. Ако во минатото сме имале случаеви кои се враќани на почеток поради една изјава на политичар, тогаш зошто да не и овој случај. Овие луѓе не бараат амнестија, бараат нормален неполитички процес во кој ќе си ја докажат невиноста по однос на ова обвинение, а тој кој се огрешил по други основи и самите викаат дека се спремни да одговараат, потенцираше Нелоски.

Latest News

(Фото) Уaпceн македонски државјанин во Драч со 300 килограми kokaин

Околу 300 килограми кокаин денеска беа запленетина пристаништето во Драч во Албанија. Кокаинот бил сокриен во камион со македонски...

More Articles Like This