НЕМА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО ЈУНИ: Шамap за Заев, нокayт за Владата од комесарот Хан

  • April 10, 2019

Еврокомесарот Хан во интервју за МИА од Брисел ги појаснува дилемите околу неговата изјава за почеток на преговори за С. Македонија со ЕУ во јуни.

Тој нагласува дека добил cилни уверувања од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека партијата ќе игра конструктивна улога во претстојните претседателски избори.

Господине Хан, на последниот состанок на комисијата за надворешни работи во Европскиот Парламент (АФЕТ), споменавте “подготвителна фаза“ на преговори за С. Македонија, што беше интерпретирано кај дел од јавноста во земјата како повторно одлагање на овие долго очекувани преговори, можете ли да ја појасните вашата изјава?

Мојот став секогаш бил јасен: Европската Комисија планира да ги презентира извештаите за земјите на крајот на мај. Врз основа на значајниот остварен напредок, силно сум уверен дека ќе можеме да приложиме позитивен извештај и јасна препорака за пристапни преговори со Скопје. По ова, ќе биде на земјите членки да донесат одлука. Кога нашите партнери ги исполнуваат јасно поставените критериуми, ЕУ исто така треба да си ги исполни заложбите и да премине на следната фаза од пристапниот процес со С. Македонија. Да се даде кредит онаму каде е заслужен! Во прашање е кредибилитетот на ЕУ. Она за што говорев на средбата во АФЕТ е нормална подготвителна фаза откако Советот ќе даде зелено светло. Се разбира дека пристапните преговори нема да почнат преку ноќ. По одлуката на Советот двете страни треба да ја постават таканаречената преговарачка рамка и да договорат меѓувладина конференција. Ова е вообичаена процедура и иста е за сите земји, тоа го знаат нашите партнери и во ниеден случај нема одлагања или “дополнителни чекори и барања“ во овој процес.

Има ли ризик проширувањето воопшто да не биде ставено на агендата на Советот во јуни и дискусијата да биде одложена за есен?

Поставувањето на агендата на Советот е во рацете на ЕУ претседателството, како и секогаш. Секогаш сум барал да ја имаме оваа важна дебата и, се надевам, одлука, за С. Македонија во прва прилика, т.е Советот за општи работи во јуни.

Претходно «
Следно »