НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: Северина има две сестри – воопшто не личат на неа!

  • August 11, 2018

За атрактивната пејачка Северина Којиќ скоро сѐ се знае. Пејачката често објавува детали од приватниот живот на социјалните мрежи.

Меѓутоа, малкумина знаат дека Северина има две сестри – Маријана која живее во Белград и Зденка која е во Хрватска.

Пејачката избегнува да се фотографира со сестрите и тоа да го објавува на интернет.

Пред неколку години, Маријана се најде во центарот на медиумското внимание, заради спорно земјиште во Сплит, за кое водела битка со познатиот хрватски играч и тренер, Игор Штимец.

Маријана е мажена и многу врзана за својот внук Александар, синот на Северина.

-Северина и јас немаме ист карактер, а и зошто да имаме. Но, она во што длабоко верувам е дека имаме исто воспитување и немаме националистички поглед во однос на нашата околина – рекла Маријана во едно интервју.

Поради венчавката со Игор, Северина не разговара со својата сестра Зденка.

-Не го поддржувам сето ова, Србите против нас воделе вооружена војна, нѐ угнетуваа 50 години, а сега водат психолошка војна. Мојата сестра е растена во хрватско и морално, римокатоличко семејство, од татко Хрват, мајка Хрватка, но нејзиниот живот го презема менаџерска машинерија. Таа има планетарна слава, но сигурно има тажен живот. Се молам за нејзино здравје и среќа – рекла постарата сестра на Северина.

Ова е Зденка:

Вака изгледа Маријана:

Претходно «
Следно »