НЕМА ДРУГ ВАКОВ СЛУЧАЈ ВО ЕВРОПА: Заев е единствен политичар во Европа кој манипулира и си игра со маката на граѓаните!

  • December 3, 2016

Зоран Заев е единствениот политичар во Европа кој си дозволи да лаже и да си игра со чувствата на посиромашните, невработените и оние во мака, порача од Пробиштип лидерот а ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски.
gruevski232329

-Заев е единствениот во Европа која си дозволи да лаже дека ќе ги зголеми плалтите во приватниот сектор. Во 2006 година кога ни дојдовме на власт просечната плата беше 11 500 денари. Ниту ветивме колку ќе се зголеми просечната плата ниту дека ќе се мешаме во приватниот сектор. Ние се сконцентрираме на подобрување на бизнис климата, намалување на даноци, како и провлекување на домашни и странски инвеститори. Сега просечната плата е 23 000 денари и тоа се зголеми во време кога поминувавме низ светска, европска и домашна политичка криза. Така и ќе продолжиме. Ќе ја зголемиме просеваната плата но со отворање на нови работни места, а не со лаги и со потценување на сопствениот народ како што прави Заев, рече Груевски.

СДСМ е партија, додава тој, која со мамење на сопствениот народ сака да дојде на власт. Со мамење и со соработка со криминално разузнавачки структури, вели и додава дека Заев е спремен на се и сешто само за да дојде на власт.

-Гледам дека ги зголемуваат лагите. Ветуваат се и сешто. Една од најголемите лаги е дека ќе давале 500 евра поврат од 15% од она што годишно го троши народот. За да даде 500 ерва секој човек, секоја година треба да троши од 2000-2.500 ерва месечно цела година. Кој во Македонија троши секој месец по толку пари? Затоа гледаме дека си поигруваат со народот, со маката на граѓаните и сакаат со лаги и манипулации да добијат власт. Затоа народот дополнитлено ќе ги казни на 11 декември, вели Груевски.

Тој подвлече дека лаже и за носење инвестиции и дека нема капацитет да донесе во Македонија, исто како што 11,5 години не донесе во Струмица.

Претходно «
Следно »