НЕМА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ: Крахираа владините политики, само 10% реализација на капитални инвестции

  • May 28, 2018

Според извештајот објавен на страната на Министерството за финансии за извршување на буџетот за првите четири месеци вклучително со април реализацијата на капиталните инвестиции изнесува 10,91 % што е катастрофално лошо.

Овие податоци индицираат дека владата не работи и не ги инвестира парите во капитални проекти кои се круцијални за развојот на една држава како долгорочно така и краткорочно односно имаат влијание врз градењето на Бруто домашниот производ. Имено, со вложување во капитални инвестиции и проекти се поттикнува градежништвото кое повлекува повеќе други стопански гранки и стимулира раст на економијата. Според неодамнешните податоци кои ги имаше објавено Државниот завод за статистика градежништвото е во сериозен пад. Така , според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2018 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 775 469 илјади денари, што е за 61.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Дополнително, според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2018 се издадени 211 одобренија за градење, што е за 45.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Ваквите катастрофални резултати на владата сериозно ја коштаат македонската економија велат експертите. Македонија лани имаше катастрофален раст на БДП од 0 %, кој беше најслаб во Европа и регионот. Експертите се загрижени дека со вакво катастрофално темпо и динамика на реализација на капиталните инвестиции македонската економија нема светла иднина. Економистите коментираат дека плановите и фалбите на оваа влада се големи, но дека реализација на проекти нема како што и покажуваат бројките.

И додека капиталните инвестиции изостануваат, задолжувањата вртоглаво растат. Експертската јавност во неколку наврати предупредуваше дека доколку продолжи вака слабото работење на владата нема да се постигнат проекциите за БДП во 2018 година, но дека многу поопасно е тоа што владата паралелно се задолжува неосновано што ја води Македонија по многу опасен пат на економски план. Инаку владата најави поголема реализација на капиталните инвестиции, но ништо од ова не се оствари.

Претходно «
Следно »