НЕМА КРАЈ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО: Владата нè задолжи со дополнителни 700 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седумстотини милиони евра е сумата со која попладнево се задолжи земјава преку издавање на еврообврзница. Алсат дознава дека каматната стапка е 3,67%, а парите ќе треба да се вратат за шест години.

„Дополнително, се обезбедуваат и сигурносни средства за справување со евенутален повторен шоk и зависно од развојот на настаните делумно финансирање на потребите за следната година.“

Процесот на издавањето на еврообврзницата го водеа меѓународните финансиски институции Ерсте груп, Дојче банк, ЏП Морган, Сити (БиД). Премиерот Оливер Спасовски очекуваше интерес кај инвеститорите.

„Започна постапката во текот на денот, се прават сите анализи, подготовки, разговори итн, и на основа на тоа треба да имаме подетални информации. Јас очекувам дека ќе имаме успех.“

Според груба пресметка, ова значи дека за шест години, освен главниот долг од 700 милиони, Македонија ќе мора да врати и вкупна камата од 153 милиони евра. Ова е втора еврообврзница во мандатот на оваа влада на СДСМ. Првата ја издаде екс-министерот Драган Тевдовски која беше во висина од 500 милиони евра.

Latest News

(Фото) Тимoт зa зaштитa oд пoжapи нa Словенија пpиcтигнa вo Македонија – ќe пoмaгaaт вo Берово

По помошта од Србија, во Македонија денеска пристигна и ветената помош за справување со пожарите и од Словенија, Дирекцијата за...

More Articles Like This