НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНЗУСОТ: Дескоска го одби барањето на Димитров и Заев – нема да се менува цензусот за референдум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не можеме да го менуваме цензусот за референдум, истакна министерката за правда, Рената Дескоска, која денеска се обрати на третата сесија на Охридската школа на природното право на тема „Добро управување и правни реформи“, организирана од Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науката и уметностите.

„Битен елемент што го сочинува мозаикот на владеење на правото е супрематијата на Уставот. Видовме дека Уставот досега беше лист хартија кошта се газеше и не се почитуваше – заложбата на новата Влада е Уставот да биде свето писмо кое треба да го имплементираме во секојдневното живеење. Како правник и како министер сега, слушам различни прашања деновиве за тоа дали можеме со Законот за референдум да го менуваме цензусот за референдумот? Не може, затоа што цензусот е уставна категорија. Ако се залагаме за владеење на право и почитување на Уставот не можеме да менуваме нешто што е изрично уставно загарантирано“, потенцираше Дескоска, која додаде дека Уставот е донесен со поширок консензус и како таков тој треба да ѝ ги врзе рацете на секоја власт којашто во момент ќе посака да излезе од неговите рамки.

Министерката ова го најави, откако премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров најавуваа можно намалување на цензусот кој е 50%, за полесно да се дојде до успешен референдум за промена на името.

Дескоска потоа се осврна на нарушувањето на поделбата на власта. Сега во овој момент имаме нарушување на системот поделбата на власта од страна на претседателот на државата. Кога тој со своите активности агресивно се меша во законодавната власт не почитувајќи го Уставот кога ќе биде отфрлено ветото, тогаш има нарушување на принципот – рече Дескоска, дадавајќи дека никој не смее да биде над Уставот.

Уставниот суд, според Дескоска, е многу важен орган во остварувањето на супрематијата на Уставот, но според министерката за правда, истиот е ставен на маргините затоа што граѓаните не наоѓаат поддршка во неговото секојдневно работење како инстутиција која ги штити човековите права – истакна Дескоска.

„Кога ги гледаме сите инстутиции во рамките на нивната улога во системот на владеење на правото доаѓаме до еден клучен елемент – интегритетот на луѓето. Вие со личниот пример кажувате дали сте ориентирани кон владеење на правото и почитување на законите, кон чесно работење. Секогаш личниот интегритет е оној којшто е клучен и овозможува системот да функционира како што треба или обратно“, рече Дескоска.

Охридската школа на природното право овозможува развој и соработка на студенти на државните и приватните факултети, но и обука за важни и клучни институти и невладини организации за правилна примена на законските решенија што претставуваат новина и напредок во реформирањето на правото преку предавања и размена на искуства и вештини. Целта на оваа сесија на Охридската школа е научно оспособување и усовршување на 20 студенти на последипломски студии и 5 студенти на докторски студии од правните факултети во рамките на државните и приватните универзитети во државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This