НЕМА НИШТО ПАТРИОТСКО ВО ДОГОВОРОТ: Договорот со Грција ниту е патриотски чин ниту го зајакнува македонскиот идентитет

  • June 21, 2018

Договорот со Грција ниту е патриотски чин ниту го зајакнува македонскиот идентитет. Договорот е штетен излегува од рамките на Обединетите нации и ги руши националните и државните позиции. Националноста и јазикот не биле дел од преговорите согласно резолуцијата од Обединетите нации за Република Македонија, а сега Зоран Заев прави штета напуштајќи го тој концептот и прифаќање пошироки толкувања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев самоволно се откажал и го компромитирал јазикот и идентитетот со прифаќањата на дообјаснувања. Штетата која ја направи Зоран Заев е погубна. Изјавите на Ципрас и Коѕијас во кои кажуваат дека во овие преговори не дале ништо а добиле многу нешта, се најдобар доказ за тоа каков договор има потпишано Заев, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Република Македонија е оштетена страна. Договорот создава само обврски за Република Македонија. Зоран Заев не може со ништо да го оправда својот капитулантски чин. Затоа Зоран Заев мора да падне, за да Македонија оди напред и Македонија да победи“.

Претходно «
Следно »