August 10, 2020, 6:12 am

НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ: Со пенкалото и гласачкото ливче се одлучува судбината на твоето место, на твојата општина и на твојата земја!

Поврзано

Неофицијално се откриваат имињатa на новиот премиер и министрите

Политичките партии веќе разговараат, покрај изборната програма и нивната хармонизација, и за евентуалните имиња во ресорите што тие ќе...

Се чисти компpoмитиpaниот кадар во СДСМ, Пендаровски и понудил на Шекеринска амбасадорско место во САД

Претседателот Пендаровски на Шеќеринска и понудил амбасадорско место во Америка, но таа го одбила, дознава Алфа. Веднаш побаравме одговор...

СДСМ мора да избере: Албанец премиер или опозиција

Многу шпекулации, но нема сигурни информации за составот на новата влада. Партиите не споделуваат детали за разговорите меѓу лидерите,...
- Advertisement -

Пред нас се локалните избори. Ова се исклучително важни избори за иднината на Македонија. Ние предупредувавме многупати досега за доста предизвици со кои може да се соочиме, но се уште има време за акција. Со пенкалото и гласачкото ливче се одлучува судбината на твоето место, на твојата општина и на твојата земја, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашната Конвенција „Нова Ера“.

 

-Еден ден многумина од вас ќе се прашуваат дали го направивте вистинскиот избор. Дали ги искористиле сите можности кои им беа дадени. Сите ние заедно имаме иста мисија. Низ вашите животи ќе се соочите со доста работи кои реално нема да ви изгледаат фер кон вас. Ќе сфатите дека некогаш ви се случуваат работи кои воопшто не сте ги заслужиле, и кои не секогаш ви се гарантирани. Но мора да ја навалите главата, да се фокусирате на проблемите, да земете длабоко воздух и да почнете и продолжите силно да се борите! Никогаш, никогаш не се откажувајте. Никогаш никогаш не се откажувајте од вашата верба и идеја затоа што таа е вистинската, таа е чиста и чесна. Никогаш не се предавајте, никогаш не се повлекувајте и никогаш, никогаш немојте да престанувате да го правите тоа што мислите дека е најправилно за вашата држава. Ништо за што е важно да се живее не може да дојде лесно. И колку поправедна е вашата битка, со колку поголема опозиција и противници ќе се соочите, во вашите срца ќе ги имате запечатено вредностите на посветеност, достоинство и жртва, вели Груевски.

Тој потенцираше дека сега мора да истапиме сите заедно пред светот и да ги претвориме нашите надежи и соништа во работа. Македонија, колку и некој да сака да не е така, е земја на вистински верувачи.

-Затоа што уште од дамнешни времиња нашите луѓе на овие простори верувале, кога го пишувале Крушевскиот манифест, верувале, кога чекореле по шумите во светските војни верувале, кога ја прогласувале независноста, верувале. Ајде сите заедно да ја создадеме приказната за Македонија. За земја на совладани предизвици, на длабока верба, големи соништа и достоинствени почетоци. Идната генерација на македонски граѓани никогаш не смее да се откажува. Ќе има времиња од нашите животи кога ќе сакаме да се откажеме, кога вие, нашиот народ и сите ние ќе си речеме попусти се нашите желби и соништа, залуден е нашиот труд. Но не… ова не се тие времиња….никогаш никогаш не се откажувајте, никогаш не се откажувајте од тоа во што верувате и од луѓето кои се со вас, истакна Груевски.

Тој вели дека треба да ја кренеме главата гордо и да веруваме во најдоброто од себе.

-Колку повеќе луѓе ќе ви велат дека нешто е невозможно, толку поодлучни треба да бидете да им докажете дека не се во право. Колку и да се обидува овој новосоздаден скршен систем да ти кажува дека не можеш, толку повеќе треба да туркаш напред. Денеска секој од вас, секој од нас, започнува ново поглавје. Нашите визија и сон тргнуваат од овде, од секој од вас. Од вашата упорност и посветеност заеднички да ја изградиме Македонија во подобро место за живеење, да создаваме дела и да помагаме. И нашиот успех зависи само од нас. Од нашата храброст и одлучност да го создадеме нашиот сон без разлика што разни циници или хипокрити ќе кажуваат. Имајте ја самодовербата да говорите гласно за вашите соништа и за нашата заедничка визија. Вечерва ниту еднаш не ги споменав нашите политички опоненти од една едноставна причина. Народот од нас очекува да решаваме проблеми, да создаваме дела да шириме позитивна енергија, народот се потпира на нас, и нема простор за непотребна зајадливост, едноставно не ја заслужуваат нашите противници на овој значаен ден. Позитивна порака – Гордо одиме напред нека ечи од секој од нас. На нивната омраза ние ќе одговориме со добрина, на нивниот неуспех, ние одговараме со новата ера, тоа е иднината на Македонија. Тоа е иднината на нашата зедничка Македонија, потенцираше Груевски.

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Ekcплозијата во Бејрут cpaмни сè околу, но во православната црква недопpeн остана олтарoт

Само 12 минути пред разорната екплозија, свештеникот Јуил Насив со децата ја напуштил неговата грчка православна црква „Свети Димитрија“...

Денеска е Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 јули. Денеска е Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен. Овие се четворица од ѓаконите на првата,...

Неофицијално се откриваат имињатa на новиот премиер и министрите

Политичките партии веќе разговараат, покрај изборната програма и нивната хармонизација, и за евентуалните имиња во ресорите што тие ќе ги водат. Бидејќи наголемо се шпекулира...

Д-р Даниловски: Очекувана е бројката од 200 новозapaзени и нови кластери

Очекувана е бројката од 200 ново заразени од Ковид 19 и нови кластери по забавите на излетнички места, а бројката ќе се задржи и...

Филипче блokиpaл пaциeнтka која чека лek за да пpeживee

Министерот за здравство Венко Филипче блокирал на социјалната мрежа Инстаграм пациентка од Скопје која бара помош од него во битката со опасна, ретка и...

More Articles Like This