НЕМА ПОГОЛЕМА СИЛА ОД РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА: Путин и официјано изјави дека во моментов не постои достоен агресор за Федерацијата!

  • December 22, 2016

Русија во овој момент е посилна од секој потенцијален агресор, но не смееме да се опуштиме, рекол рускиот претседател Владимир Путин на седницата на колегиумот на Министерството за одбрана

putin_sojgu

„Може со сигурност да кажеме: ние сега сме посилни од секој потенцијаен агресор“, рекол Путин.

Притоа, тој нагласил дека не треба да има опуштање ниту на момент.
„Сакам да го привлечам вашето внимание на тоа дека, ако би си дозволиле на минута да се опуштиме, ако дозволиме дури и еден значаен прекин во модернизацијата на војската и флотата, обуката на силите, ситуацијата би можела веднаш да се промени“, додал Путин, нагласувајќи дека Русија не би била ниту во можност тоа да го забележи. Путин соопшти дека состојбата на нуклеарната тријада на Русија останува на одговарачкото ниво, но дека е потребно и понатаму да се усовршува.
„Нивото на нуклеарната тријада е на очекуваното ниво, која игра клучна улога во зачувувањето на стратешкиот паритет“, констатирал Путин. Рускиот претседател нагласил дека стратешката ненуклеарна сила на Русија треба да се подигне на повисоко ниво. Тој побарал да се работи на развојот на ракетниот потенцијал кој би гарантирал успешно спротивставување на системите на против-воздушна одбрана. Изненадните проверки на борбената готовност на Вооружените сили на Русија ја потврдиле можноста за оперативно префрлување на силите на големи растојанија во најкратко време, изјавил рускиот претседател Владимир Путин.
„Потенцијалот на руските Вооружени сили ја помина проверката на отпорност во борба против меѓународниот тероризам во Сирија. Сириската војска доби значајна поддршка, благодарение на што изведе низа успешни операции против милитантите“, рекол рускиот претседател.

Искуството во употребата на руското оружје во Сирија отвара нови можности за развој на воено-техничката соработка, потребно е тоа максимално да се искористи, рекол тој и додал „знаеме каков интерес покажуваат парнтерите кон современото руско оружје“.

Путин изјавил дека Министерството за одбрана на Русија треба да ја обезбеди рамнотежата во сите родови на војската и на развој на високопрецизно оружје. Тој додал дека треба да се пратат промените во рамнотежата во воено-политичката ситуација, посебно во близина на руските граници.

Претходно «
Следно »