НЕМА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР СО ВМРО-ДПМНЕ: Талат Џафери тврди дека нема политички договор за ослободување на пратениците

  • March 1, 2018

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, е дециден дека ослободувањето од притвор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не е политички договор за опозицијата да се врати во Собранието.

-Нема политички договор за пуштање на пратениците од притвор. Постои судска постапка и процедура за нивното ослободување од притвор во кои ќе се процени дали постојат услови за тоа – изјави Џафери вчера во „Топ Тема на Ваша страна“ на Телма.

Притоа тој го повика ВМРО-ДПМНЕ ги стави државните пред сопствените интереси.

-Ако сите очекуваме во април да добиеме преорака за датум и до јуни да се заокружат преговороите за името, сметам дека ниту еден зрел политичар нема да се упушти во блокирање на институции. Сите меѓународни инстанци укажуваат дека сега моментот е историски Македонија да го добие тоа што го очекува – членство во ЕУ и НАТО и мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе најде сила да се издигне над сопствените кругови во интерес на државата – рече Џафери.

Тој најави дека ќе свика продолжение на седницата за Законот за јазиците, без оглед дали опозицијата ќе присуствува или не. Сепак тој е оптимист дека ќе се надминат несогласувањата со опозицијата.

Претходно «
Следно »