НЕМА ПРИТВОРИ ЗА НИТУ ЕДЕН ОД СЛУЧАИТЕ: Судот ги отфрли сите барања на СЈО за определување на мерка притвор!

  • July 3, 2017

Предлозите за определување притвор кои СЈО ги упати до Кривичниот судот се одбиени како неосновани, пишува соопштението кое го објави Судот.

 

Интегрален текст од соопштението на Основен суд Скопје I

Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за определување мерки за обезбедување присиство и мерки за претпазливост со НСК – КО. Бр. 1/15, поврзан со предметот во јавноста познат како „Титаник“, поднесен на 30.06.2017 година, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по разгледување на предлозите како и ценење на фактите и доказите приложени во истите, донесе решенија со кои :

Предлогот за определување мерка притвор против Н.Г., М.П.,К.Б., М.Ј. и Г.Ј. се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот да се јавува кај надлежно службено лице во суд еднаш неделно, Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и Приврмено одземање на дипломатска патна исправа.

Предлогот за определување мерки за претпазливост против К.М.,Л.Р.,Р.Д.,Џ.А.,М.Н.,Д.Д., Е.Т., М.П., К.Т.,К.В., С.К., Д.А., Л.Р., Г.Ј., Б.Б.Б. и И.Д., се уважуваат и им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавуа кај надлежно службено лице во судот, Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и Привремено одземање на дипломатска исправа за К.Т., К.В., Б.Б.Б. и И.Д.

Против овие решенија дозволено е право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд.

Од страна на СЈО во текот на 29.06.2017 година и вечерта на 30.06.2017 година до Основниот суд Скопје 1 – Скопје – одел Кривично полнолетни беа доставени вкупно 6 обвинителни акта од кои за 5 беа доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки претпазливост против 13 лица, додека во одделението за Организиран криминал и корупција беа доставени вкупно 11 обвинтелни акта од кои за 10 беа доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки претпазливост против 54 лица. Сите обвинителни акта согласно електронскиот систем за водење на предмети се распоредени на оценка кај судии, и сите предлози, веднаш по приемот беа распоредени на одлучување кај надлежните кривични совети. Во текот на викендот, покрај судиите во кривичните совети беа ангажирани и дополнителни службнеици и доставувачи од судот, и сите предлози беа одлучени во законски утврдениот рок, а по писмента изработка на решенијата истите беа доставени до странките и за донесените одлуки јавноста беше информирана.

Претходно «
Следно »