НЕМА ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦАТА ОСОМНИЧЕНИ ВО СЛУЧАЈОТ „ПОШТЕНСКА БАНКА“ НА СЈО ЗА ПЕРЕЊЕ 5 МИЛИОНИ ЕВРА

  • October 13, 2018

Нема притвор за Томе Главчев, Ратко Димитровски и Коле Смилевски, осомничени во истрагата за перење 5 милиони евра во случајот „Поштенска банка“, за кои Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска ја побара оваа мерка. По целодневно сослушување на осомничените, судија на претходна постапка вечерва одлучил да не им изрече притвор. Судот му го одзеде пасошот на на Коле Смилевски, а Томе Главчев и Ратко Димитровски треба да се јавуваат во судот.

Како што дознаваме, СЈО ќе ја обжали одлуката на судијата на претходна постапка до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, поради опасност од бегство на тројцата осомничени. Рокот за жалби е 24 часа.

СЈО отвори нова голема истрага за перење пари од времето на Љубчо Георгиевски како премиер, поради која утринава се приведени и однесени пред судија за претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, три од засега 9 осомничени лица во истрагата.

Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за кривични дела Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со неа се опфатени девет лица: Ратко Димитровски, сопственик на печатницата „Европа 92“, Коле Смилевски, Томе Главчев, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.

Претходно «
Следно »