НЕМА ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ: Нема отстапки од она што ВМРО-ДПМНЕ го кажа по однос на СЈО и Уставот!

  • January 16, 2017

Не отстапуваме од она што го кажавме за СЈО и Уставот. СЈО е наменска институција, а во однос на барањата за уставни промени, немаме ниту потреба, ниту пак уставни можности да ја правиме државата бинационална.

antonio-milososki
Ова го изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во „Отворено студио“ на ТВ НОВА, уште еднаш потврдувајќи го ставот на партијата во однос на барањата што албанските партии ги презентираа во заедничката платформа што беше објавена пред почетокот на преговорите за составување на новата Влада.

-Добивме мандат по две основи. Првата беше платформата за економски развој, односно програмата „Реално“, додека вториот темел на нашиот предизборен настап беше зачувување на унитарна, кохезивна Македонија и како држава и како општетсво. Соодветно на тоа немаме ниту потреба, ниту луксуз, ниту пак уставни можности да ја правиме државата бинационална. Ние не сметаме дека доколку државата биде бинационална ќе биде поефикасна, поекономична и посплотена. Затоа од овие два принципи нема да отстапиме, истакна Милошоски.

Претходно «
Следно »