September 29, 2020, 8:59 pm

НЕМА ПPABДА НЕМА МИP: Околу 60 отсто од cyдските пocтапки за организиран kpиминал и кopупција се одложувaaт

Поврзано

Клacтер на Институтот за рaдиологија?: Рентген техничар одел на работа со симптоми на koвид-19

Рентген техничар на Институтот за рaдиологија (рeнтген институт) е позитивен на кopoнавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена...

Мицкоски: Да се биде најнaпaѓаниот политичар од овие мaфијаши на власта мене ми дава мотив да истрaaм во бopбата пpoтив нив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во телевизија Телма истакна дека единствена причина поради која тој е мeта...

Мицкоски до Лупевска: Пpoблемот е што наместо да збориме за дебAkлот во државата го читате Статутот на ВМРО-ДПМНЕ

Јас не можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ зaгуби на едни чесни избори. Но, сега во овој момент она што...
- Advertisement -

Се одложуваат околу 60 отсто од рочиштата за предметите за кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупцијата. Во Кривичниот суд во Скопје процентот на одложувањата е помал и изнесува 49 отсто, посочуваат резултатите од Анализата спроведена измината година од Коалицијата „Сите за правично судење“ во рамки на проектот „Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 (модул за судски мониторинг) по мониторинг на кривичните судови на територијата на државата за предмети поврзани со организиран криминал и корупција.

Дарио Аврамовски од Коалицијата „Сите за правично судење“ истакнува дека одлагањата се од повеќе причини, а најчесто тоа е поради отсуство на некој од учесниците во постапката, од кои доминатно тоа е обвинетиот, но, загрижува, вели, и фактот што многу често имало отсуства на јавни обвинители, па постапките се одлагаат и поради тоа, а последиците се повеќеслојни.

-Прво тука се трошоците на самата постапка, потоа прашањето на јавниот интерес и интересот на сите граѓани во државата да го видат исходот од постапките. Тука е и начелото на ефикасност и ефективност на судските постапки бидејќи знаеме дека после проток на подолго време веќе и не се ефикасни казните или решавањето на одредени кривични дела кои се случиле многу порано. Во таа насока се надоврзува и застарувањето на кривичните дела, кои што можеме да видиме веќе беше настапена апсолутна застареност во некои од кривичните постапки и исто така претходно имаше настапено застареност и за некои од осомничените уште во фазата на истрага, вели Аврамовски.
Според него, од овој аспект највлијателна е перцепцијата на јавноста, затоа што таа највеќе го гради својот став за судството и довербата во судството и обвинителството преку крупните случаи што се медиумски експонирани.

-Јавноста ги добива сознанијата преку овие предмети, па оттаму ќе имаме многу полош впечаток во јавноста затоа што овие постапки не се сосема идентични на останите постапки кои ги следиме, бидејќи тие завршуваат релативно побрзо, вели Аврамовски
Натали Петровска извршна директорка на Коалицијата „Сите за правично судење“ која ја презентираше Анализата на дводневната завршна конференција за проектот, истакна дека во нивен фокус биле Одделението за организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд, но обезбеден е примерок и од останатите судови. При тоа, нагласува, процентот на одложени судски постапки од околу 60 се однесува генерално и ги опфаќа редовните судски постапки, а не само оние од областа на организиран криминал и корупција. Недостигот од соодветна техничка опрема за снимање на судките процеси во сите судници во судовите е, посочува, исто така проблем.

-Заклучоците би оделе во насока на она што би може да го адресираме како проблематично во поглед на работењето на институциите. Она од што зависи најчесто присуството на обвинетите лица во постапките и нивниот спровод дали од куќен притвор, дали од притвор, така што многу често и тоа е евидентирано како причина за одлагање на расправите, нивното неспроведување. Така што би требало да се зборува понатаму во насока на усогласување и координирано работење на иснтитуциите – сите кои се засегнати и кои се инволвирани во судските постапки, меѓутоа и целосно екипирање на човечките ресурси во јавните обвинителства во државава, особено во Обвинителството за организиран криминал и корупција. За волја на вистината многу помал број на одложени судски расправи поради отсуство на обвинители имаше кога СЈО беше во полна функција. Сега кога тоа не е случај иако истите предмети се делегирани на обвинителите кои што и досега ги работеа, меѓутоа останатите предмети кои се од областа на организиран криминал и корупција секако дека нотираме отсуство на обвинители и во нив, кажа Петровска.
Во однос на ветингот, таа смета дека тој е потребен во судството, гледано од аспект на нивните искуства.

-Дефинитивно е потребно прочистување во редовите на судиите. Не би сакала да генерализирам, со секоја чест на исклучоци за судии кои апсолутно целосно етички и проферсионално си ги извршуваат своите функции. Меѓутоа неопходно е да биде спроведен ваков процес на ветинг за да бидеме сигурни дека владеењето на правото, испорачувањето на правда за граѓаните во судските институции ќе биде функционмално во мера во која што би требало да биде, рече Петровска.
Проектот „Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 (модул за судски мониторинг) Коалицијата „Сите за правично судење“ ја спроведе во партнерство и со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Latest News

Балканот-шведска маса: Албанците присвојуваат сè што сакаат – од Обилиќ до Лешница

Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук ги претстави природните убавини на Македонија - Кањонот Лесница, како дел од Албанија...

Порошенко позитивен на кopoнавирус

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко преку својот Фејсбук профил соопшти дека се зapазил со koронавирус, пренесоа британските медиуми. Поради инфekцијата, наведува Порошенко на Фејсбук, тој...

Клacтер на Институтот за рaдиологија?: Рентген техничар одел на работа со симптоми на koвид-19

Рентген техничар на Институтот за рaдиологија (рeнтген институт) е позитивен на кopoнавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена на работа иако бил болeн,...

Мицкоски: Да се биде најнaпaѓаниот политичар од овие мaфијаши на власта мене ми дава мотив да истрaaм во бopбата пpoтив нив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во телевизија Телма истакна дека единствена причина поради која тој е мeта на секојдневни нaпaди е тоа...

Мицкоски до Лупевска: Пpoблемот е што наместо да збориме за дебAkлот во државата го читате Статутот на ВМРО-ДПМНЕ

Јас не можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ зaгуби на едни чесни избори. Но, сега во овој момент она што е клучно во државата е...

More Articles Like This