Немој да бараш да се вратам во Македонија!

Поврзано

(Видео) НЕОБИЧНО ПРИЈАТЕЛСТВО: Кучето Медо си донесе срнче од шумата

Верувале или не, нешто невидено се случи: кучето Медо донесе мало срнче во домот на Кире Радески, кој неколку...

ПРИРОДЕН ФЕНОМЕН НЕ ОЧЕКУВА ВЕЧЕР: По 21 часот ќе можете да го погледнете зaмрaчyвaњeтo на Месечината

Помрачување на Месечината се случува кога Месечината е полна, а нејзината светлина е блокирана од сенката на Земјата. Тоа...

(ВИДЕО) ПРЕКРАСНА ГЛЕТКА: Делфини го разубавија брегот на Халкидики

Во Грција уживал и морскиот свет во периодот пред да се отворат плажите – камерите уловиле делфини како уживаат...

По не знам кој пат го завршувам разговорот на Скајп со моите со нивното фамозно прашање „Кога ќе се вратиш тука?”

Немам повратен одговор, го избегнувам прашањето и се трудам да не одговорам, не сакам, не затоа што не можам, туку знам дека мојот одговор нема да им се допадне. Во главата само си помислувам „За што да се вратам?”

Во земјата каде имаш професори кои се помалку те инспирираат, каде што најчесто подлизурковци, со третокласно знаење стануваат искомплексирани асистенти, кои потоа своите фрустрации ќе ги истураат врз студентите.

Каде секој втор збор е мито, каде секој гледа да стигне до диплома и да фати врски за вработување. Каде што образовниот систем продуцира полуписмени студенти кои подоцна ќе бидат причина за катастрофални грешки?

Каде да се вратам, каде што ќе работиш како стока од утро до мрак, за без пари, богатејќи го ненаситниот газда кој ќе ти ги додели сите позиции од шофер, до бебиситер, преку шопинг асистент на неговата сопруга, кои секако не влегуваат во твојот работен опис, а притоа нема да добиеш ни трошка почит?

Таму каде што треба да си го продадам гласот, да си го дадам задникот на закуп под кирија и да играм по ноти кои не ми се мили на увото. Таму каде што нема воопшто да го ценат мојот морал, интегритет, мојот квалитет и моите вредности, таму каде што ќе ме претворат во едно безлично, бесчувствително суштество кое ќе стане дел од една корумпирана елита која не носи ништо ново?

Каде да се вратам, каде што самохрани мајки се бркаат од работа само затоа што не се гласачи на една партија, каде што студентските легла се полни со деца на големци, а оние кои со социјална помош пуштаат деца да учат ги отпишуваат затоа што становите им се прескапи.

Онаму каде што интелектуалната елита краде од народот, а студентите се оставени со сиромашни оброци, да гладуваат по студентски домови, додека да стигнат до она што го сонуваат. Каде да се вратам, во тие кучешки услови, сите би сакале поинаку, но каков избор имаме. Не дека е подобро, туку тоа е поевтино. Се жр твуваме себеси, само за да поминеме поефтино. Нели е тоа тр агично?

Таму каде што ако бидеш храбар и го кажеш она што го мислиш, а тоа е поразлично од толпата ќе бидеш јавно обвинет и исплукан поради своите верувања. Каде што секој знае се од сите области и треска со рацете на слави по масата, за да се истакне да биде виден од другите. Каде што повишен тон од некој на позиција се цени повеќе од делата на оној паметниот кој се ќе сработи во тишина?

Каде да се вратам, каде што веќе луѓето немаат мотивација, половина од нив заради тоа што немаат да јадат леб, а половина поради тоа што веќе кренале раце по сите неправди на кои биле сведоци. Каде што се трошат пари за глупости, а уми раат деца од примитивни болести?

Каде да се вратам?

Престанав да се борам со ветерници, застанав да исправам криви Дрини. Мене срцето ми се кине што мора да биде вака, но ние нормалните, оние колку што останавме не можеме да го искорениме неморалот и алчноста за моќ и пари, тоа безредие кое владее во таа нивна шефовска хиерархија. Колку и да ми недостигате, кога ќе стигнам таму и повторно ќе се соочам, кога ќе видам ништо не се променило ми доаѓа само да ве прегрнам и да го фатам патот за назад.

Овде можеби не цветаат рози и не врнат пари од небото, но барем има некаков ред. Правилен начин по кој се живее еден живот, а ако нешто сакав во животот, тоа беше секоја единка да има достоен живот. Нешто што кај нас со текот на времето, за жал стана луксуз.

Актуелно

ФИЛИПЧЕ: Во Македонија имаме 180 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. - Скопје 109 - Куманово...

КАТАСТРОФА: 177 нови случаи на коронавирус во Македонија!

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa. Истовремено, 8 пациенти се излекувани,...

МАКЕДОНИЈА КАКО АФРИЧКА ЗЕМЈА ПО БРОЈОТ НА НOВOЗAРAЗEНИ ДЕНЕС: Канал 5 јавува за нови 160 cлyчaи

Нашиот извор кој сака да остане анонимен а е од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на...

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека ако не одговараш барем нема...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

Повеќе вести