Ненajaвeнa cpeдбa? Бучковски cлeднaтa нeдeлa oди зa Бугарија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија во разговор со Илијана Беновска во неделната програма „Беновска пита“ на „Радио К2“, ги коментираше односите на Бугарија со Северна Македонија и посочи дека го очекува специјалниот претставник на македонската Влада за спорот со Бугарија, Владо Бучковски следната недела во Бугарија.

„Дали е вистина, дали ќе имате сила да ми кажете, дека очекувате ненајавена средба со проф. Владо Бучковски, кој беше министер за одбрана на Македонија и премиер на земјата, а од декември 2020 година е назначен за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Имате ли ваква средба?“, праша водителката.

„Госпоѓо Беновска, вие работите подобро од бугарското разузнавање! Вистина е, разговаравме со господинот Бучковски, следната недела тој ќе биде во улога на главен преговарач или медијатор, ќе биде во Бугарија. Сè уште не сме го закажале состанокот, но дали ќе биде вторник или среда, некаде таму!“, изјави Каракачанов, цитиран од „Блиц“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This