НЕТАНЈАХУ ВО ПРВИ РЕДОВИ НА ПАРАДАТА: Израелскиот премиер почесен гостин во Москва – бараше гаранции од Путин за Сирија

  • May 9, 2018
  • Коментари

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во пресрет на неговата посета на Москва изјави дека поради настаните во Сирија се “неопходни гаранции” за продолжување на координацијата на активностите на руските вооружени сили и израелската армија.

“Летам во Москва за да се сретнам со претседателот Владимир Путин. Сите наши состаноци се важни, но овој е о особено важен “, истакна Нетанјаху пред неговото заминување во Москва за да ја прослави 73-годишнината од победата во Втората светска војна.

Според сириските извори, минатата ноќ Израел изврши воздушен напад врз воени објекти јужно од Дамаск. Израелската армија соопшти дека спроведува ограничена мобилизација на резервистите за “закана од ирански напад од територија на Сирија”.

Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Иран.

Претходно «
Следно »