December 9, 2021, 10:54 am

Нетанјаху oбвинyва: ОН ги оxрабруваат тepopиcтите ширум светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска експресно реагираше на одлуката на ОН да почеток на меѓународна истрага за злосторствата во Газа, изјавувајќи дека смета дека овој чин ги охрабрува терористите ширум светот.

-Денешната срамна одлука е уште еден пример за анти-израелската опсесија на Обединетите нации. Уште еднаш, мнозинството во Советот за човекови права застана во одбрана на геноцидна терористичка организација која намерно се насочува кон израелски цивили, истовремено претворајќи ги цивилите од Газа во жив штит, рече израелскиот премиер во изјавата.

Нетанјаху оцени дека „оваа пародија го исмева меѓународното право и ги охрабрува терористите ширум светот“.

Советот за човекови права на ОН денесдка во Женева донесе одлука да отвори меѓународна истрага за злосторствата извршени за време на 11-дневниот конфликт меѓу Израел и палестински Хамас во Газа.

-Несомнено е дека Израел има право да го брани својот народ. Меѓутоа, и Палестинците, исто така, имаат права. Истите права, изјави Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачеле и ги повика израелските власти „веднаш да го запрат процесот за иселување на палестинските семејства во согласност со израелските обврски и врз основа на меѓународното право “.

За покренување на истрагата гласаа 24 држави, девет беа против, а 14 беа воздржани, со што ова тело на ОН ја усвои резолуцијата поднесена до ОН од Пакистан, во името на Организацијата за исламска соработка и палестинската делегација во Обединетите нации

Latest News

(Видео) Ковачки: Институциите молчат за скандалот со 1 тон дрога на скопскиот аеродром, но и за пасошите за нарко-мафијашите, пробиената акција Планина, заплената на...

Застрашувачки е молкот на институциите за скандалот со 1 тон дрога кој бил внесен во државата преку скопскиот аеродром...

More Articles Like This