НЕ Е ДЕКА НЕ БЕШЕ ПРЕДУПРЕДЕН: Принципот победник со победник нема да важи, Мицкоски предлага „програма со програма“

  • September 13, 2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата 360 степени на Алсат Телевизија вели дека наместо принципот на коалиција за власт, победник со победник тој би преферирал принципот програма со програма.

Мислам дека треба да се фокусираме повеќе на принципот програма со програма, тоа е иднината на политичката сцена, не можеме ние победник професија да ни биде. Или имаме заедничка програма и таа програма ќе ја реализираме или ние немаме практично никаков бенефит за нашите гласачи ако победникот со победникот не можат да се договорат со програмските начела , тогаш нема да може да се реализираат ветувањата, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи независно како се вика партијата дали тоа е Алијанса за Албанците, ДУИ, БЕСА, ДПА, во преговорите ја формира програмата ќе коалицира со нив доколку не ќе се бара друг партнер да се дојде до 61, но убеден е дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на следните предвремени парламентарни избори ќе има победа од најмалку 61 пратеник

Претходно «
Следно »