НЕ Е ТОЛКУ ЛЕСНО: Само со обука, ИТ инженер не се станува

  • September 16, 2019
  • Коментари

Невpaботените лица кои ќе се пpeквалификуваат со вештини за ИТ секторот преку владините мерки, да не очекуваат дека по неколку месечна обука ќе ги чека работа која е платена над илјада евра месечно.


Од Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии се децидни дека доколку нема претходно соодветно образование, обуката може да создаде само помошен кадар за во компаниите, а не напредни позиции како ИТ инженери, профил кој најмногу недостасува во овој сектор.

„Најмногу кадар кој недостасува се сениор инженери, а сениор инженери со обуки не се постигнуваат. Не велам дека обуките се лoши, но работното искуство се добива после пет, шест, седум години работа, а не со обука. Да се балансира очекувањето кај компаниите, да знаат дека тие нема да добијат спремни инженери што завршиле во високообразовна институција. Бидејќи логиката која се учи низ тие три или пет години на тие факултети во ниту еден случај не може да се пренесат за три до шест месеци“, вели Анита Никова Бундовски, извршен директор на МАСИТ, како што пренесува Алсат..

Без одлично познавање на математика и логика не може да се биде дел од оваа индустрија, вели Никова и додава дека доколку не се познава англискиот јазик на едно повисоко ниво, проблем за кандидатите може да биде и првиот час на курсевите.

Викендов, од владата најавија дека млади невработени лица до 34 години ќе може да се пријават на обуки за ИТ вештини кои потоа ќе конкурираат за вработување во овој сектор. За оваа намена од државната каса ќе се издвојат 35 милиони денари.

Претходно «
Следно »