НЕ ИМ ТРЕБААТ ВЕЌЕ РАБОТНИЦИ: Сега Германија членка на НАТО ќе увезува војници!

  • December 28, 2018

Германските вооружени сили планираат, поради недостигот на кадар да увезуваат странци кои би носеле германска униформа. Бундесверто бара регрути во земјите на Европската унија, нудејќи им почетна плата од 2.000 евра бруто.

Можноста за вработување во германската „легија на странци“ ќе имаат кандидати од земјите на ЕУ, а се претпоставува дека добрата плата и можноста за напредување ќе биде добра мамка за момчињата од источна Европа, посебно на оние од Балканот.

Досега важеше правилото припадници на германските вооружени сили да можат да бидат само германски државјани. Почетната плата во Бундесверот изнесува околу 2.000 евра бруто, а офицерската, во ранг на потполковник околу 5.000 евра без бонуси.

„Вработувањето на специјалци од други земји од ЕУ е една од опциите кои ги разгледуваме“, рече геенралот Еберхард Зорн, офицер одговорен за кадровски прашања.

Претходно «
Следно »