НЕ НА БАБАТА, БЕБЕТО И ПАДНАЛО НА МАЈКАТА: Бебето и паднало од раце, Јавното обвинителство ќе го испитува случајот

  • March 7, 2018

Полека почнува да се расплетува приказната за падот од зграда на 14-месечното женско бебе, кое вчера почина во приватната болница Аџибадем- Систина. При падот, бебето се здобило со скршеница на черепот и крварење на мозокот, по што за кратко време им подлегнало на повредите.

Според неофицијалните информации од полицијата до кои дојде „Фокус“, бебето по скалите во зградата кај што живееле на улицата Архиепископ Доситеј во скопски Чаир не се симнувало само со неговата баба, туку на местото на настанот била присутна и неговата мајка.

Нашите извори тврдат дека мајката во транспортер го носела другото бебе, додека сега починатото го држела за рака. Во еден момент, таа транспортерот со бебето кое имало само еден месец го префрлила од едната во другата рака, со што починатото 14-месечно бебе го искористило моментот на невнимание на неговата мајка и се отпуштило од раката и преку скршениот прозорец паднало пред влезот на зградата на висина од 2,5 до 3 метри.

Случајот со починатото бебе е преземен од страна на Основното јавно обвинителство.

Претходно «
Следно »