НЕ ОСЛОБОДИЛЕ ОД ДИКТАТУРА, ЗАТОА НЕ ДОДЛИЛЕ ПАРИ: Актерот, а сега советник на Адеми, Висар Вишка во одбрана на министерот за култура

  • February 10, 2019

Советник на министерот за култура Асаф Адеми вели дека распределбата на парите за проекти во културата не може да биде совршена кога за нив одлучуваат луѓе.

Актерот Висар Вишка, кој сега е специјален советник на Адеми тврди дека комисиите биле целосно слободни при изборот на проекти.

-Некои уште сакаат диктатура каде што еден центар, еден грст луѓе врзани ко црева меѓусебно одлучуваат за судбините на сите уметници во МК. Комисиите беа само про форма. Никогаш не може да биде совршено кога е човечки фактор. Но сега комисиите имаа тотална слобода на одлучување. И се разбира ваше право е да се пожалите на нивната одлука. Со аргументи. Силата на аргументите а не аргументот на силата, вели Вишка.

Претходно «
Следно »