НЕ САМО СЛОБОДА, ТУКУ И ЌЕ ТРЕБА ДА ИМ ПЛАТИМЕ ОТШТЕТА: Терористите од „Монструм“ ќе добијат и отштета од државата!

  • December 3, 2017

Не само тоа што веќе осудените за терористичкиот чин кај Смилковското езеро се пуштени на слобода благодарение, како што вели Мухамед Зекири на Зоран Заев и Алах, туку државата ќе мора да им исплати и отштета за времето поминато во затвор.

За целото ова време пак, никој не се присети на семејствата на убиените момчиња, ниту пак им понуди помош, напротив тие добиваа лажни ветувања од Заев дека ќе ги објавел снимките во врска со „Монструм“, нешто што сеуште не се случи, а роднините на убиените се сомневаат во тоа дека Заев го заштитува својот коалициски партнер ДУИ

Случајот Монструм сега започнува од точката нула. По речиси шест години во затворите во земјата, осудените лица од овој случај ќе имаат можност да се бранат од слобода. Сепак, според одбраната за времето поминато по затворите во земјата, тие мора да бидат обесштетени.

“Секако, како и во случајот Сопот така и во овој случај ќе бараме надомест за оние години кои без вина беа во притвор. Единствениот предуслов за оваа барање е, знаете тоа е правосилна пресуда и тоа е едноставна инертна постапка и имате право на обештетување, тоа е работа која автоматски ќе се реализира бидејќи ќе бидат ослободени овие обвинети за кои сум убеден дека тие не се виновни и епилогот ќе биде таков што ќе бидат ослободени од ова обвинение – изјави адвокатот Насер Рауфи за телевизија Алсат-М.

Претходно «
Следно »