October 31, 2020, 5:25 am

Не се „бабини деветини“ – Зошто никогаш не треба да си легнувате лути и нервозни?

Поврзано

Необичен феномен: Сина месечина ќе се појави на небото на 31 октомври

Небото во ноќта од 31 октомври спрема 1 ноември ќе биде осветлено со „сината месечина“, односно втора полна месечина...

Сања Кужет направи хаос во Ѕвездите на Гранд (видео)

Водителката влета на сцената и на сред емисија ги растури хартиите Атмосферата за време на снимањето на музичкото шоу Ѕвездите...

Софијанова појаснува како се разликува кopoнавируcот од гpипот

На прашање како може да се разликува коpoнавиpyс од грипoт, Софијанова во КликПлус објасни дека првите симтпоми најчесто се...
- Advertisement -

Сите ние сме почувствувале гнев, а и сите сме си легнале гневни. Но, изгледа дека ова е едно од најлошите нешта што можеме да си ги направиме.

Можеби досега сте слушнале дека никогаш не треба да си легнувате додека сте гневни, а постојат неколку добри причини зошто ова е вистина.

Во продолжение погледнете за кои станува збор:

Гневот влијае врз сонот
Кога сте гневни, вие сте и под многу стрес, а во ваква ситуација е речиси невозможно да заспиете. Ако сепак успеете да заспиете, вашиот сон ќе биде „лесен“, веројатно ќе се будите во текот на ноќта и следното утро ќе се разбудите уморни. Недостатокот од сон, пак, ќе ве направи раздразливи, па следниот ден повторно ќе бидете гневни – на некој начин, ќе почнете циклус кој само ви штети.

Гневот е лош за вашето здравје
Науката одамна потврди дека квалитетниот сон е клучен за нашето здравје. А, веќе напоменавме дека гневот го нарушува сонот. Истовремено, во текот на ноќта, додека спиеме, нашите емоции се стабилизираат, но интензивниот гнев може да го наруши овој процес.

Ако редовно си легнувате гневни, со текот на времето ќе се соочите и со многу полоши симптоми поради проблемите со спиење, како несоница, кошмари, а во поретки случаи, можна е појава и на депресија.


Потешко ќе се ослободите од негативните мисли и емоции
Некои истражувања покажале дека потешко се справуваме со проблемите ако ги „преспиеме“.

Ако си легнете гневни, дефинитивно ќе размислувате за проблемот пред да заспиете, а во вашата глава тој може да стане уште поголем. Во текот на спиењето, пак, мозокот ќе ги преработува информациите од текот на денот, вклучувајќи ги и мислите од пред да заспиете, па ќе ви биде многу потешко да се справите со нив кога ќе се разбудите.

Гневот е убиец на интимноста
Ако живеете со партнер, тогаш пред спиење сигурно одвојувате барем малку време за нежности. Но, кога ќе си легнете гневни, особено еден на друг, ќе ја нарушите оваа рутина, која е всушност важна за вашата врска.

Ако редовно го правите ова, ќе почнете да го поврзувате легнувањето со негативни емоции, и нема да го гледате како време за вас и партнерот или како време за релаксација.


Гневот може да ѝ наштети на вашата врска
Ако сред расправија со партнерот само се свртите на другата страна за да спиете, не ѝ правите никакво добро на вашата врска.

Никој не ги сака караниците, но никогаш немојте да си легнувате без да го решите проблемот. Подобро почекајте да се смирите, разговарајте, најдете решение и направете компромис, па дури после одете на спиење. На овој начин ќе ги избегнете и непријатните утра после недовршена караница, но и ќе го зајакнете односот со партнерот.

Latest News

Расте црниот биланс: Бројот на зaгинaти во Турција се искачи на 20, повpeдени околу 800 лица

Бројот на mpтви во Турција расте по рaзорниот зeмјотрес. Според последните информации на министерот за животна средина и урбан...

Даниловски бара да се прeцизира кога мора да се носи маска

Епидемиологот Драган Даниловски во дебата за „360 Степени“ даде неколку сугестии до Комисијата за зaразни болeсти за подобро да се спрaвиме со пaндемијата и...

(Видео) Xaос во Барселона: Cyдири меѓу дeмонcтpaнтите и пoлицијата на пpoтестите пpoтив рecтриктините мерки

Демонcтрантите кои се прoтиват на рестриктините мерки за cyзбивање на пандeмијата на вируcот корона во Шпанија се cyдрија со полицијата на улиците на Барселона. Педесет...

Необичен феномен: Сина месечина ќе се појави на небото на 31 октомври

Небото во ноќта од 31 октомври спрема 1 ноември ќе биде осветлено со „сината месечина“, односно втора полна месечина во период од 30 дена....

Голема финансисkа добивка за неколку хороскопски знаци во текот на ноември

Астрологот Павел Глоба вели дека во месецот кој е пред нас дел од хороскопските знаци ќе почнат да се збогатуваат. Проблeмите со парите за...

More Articles Like This