НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ЈАДЕ, КОЈ ПИЕ: Општ хаос владее кај СДС во Центар – секој секого го обвинува дека е криминалец, а Жерновски дека е најголем!

  • August 23, 2017

Хаос владее кај СДС откако десната рака на Андреј Жерновски, Мирослав Шиповиќ кој одговара на суд за направен криминал, објави дека градоначалникот на општина Центар всушност бил поголем криминалец од него. На ова обвинување на Шиповиќ се надоврза и рејтингашот Ѓорѓи Спасов кој се обиде да го одбрани Жерновски од нападите на Шиповиќ, по што настана општа расправија за тоа кој е поголем криминалец од редовите на СДС

 

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Градоначалникот Андреј Жерновски, со своите пајташи си направил договор меѓу општина Центар и Градежна фирма за вонсудско порамнување во износ од 90 милиони денари или 1,5 милиони евриќи и истите на три месеци се платени, пишува Шиповиќ на Фејсбук.

Вели дека со писмен допис бара да му се достави договорот на увид, бидејќи има сериозни индиции оти е прекршен законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

-Таков договор мора да биде одобрен од Советот на општина Центар, а воопшто не е ни разгледан, и градоначалникот не ми го доставува. Што ли крие? Ама аматер е за мене, јас со 40 години искуство, тој со ниедна, ќе откријам се што мува, напиша Шиповиќ на Фејсбук.

[/kopa_block_quote]

Обвинувањата на Шиповиќ не запираат тука. Освен за криминалот на Жерновски тежок 1.5 милиони евра, претседателот на советот на општина Центар го обвини Жерновски и неговиот идеен татко Ристо Пенов дека направиле рекет од градежна фирма на износ од 200.000 евра за кампања на Локалните избори, каде што Жерновски има намера самостојно да се кандидира.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]-Се зборува низ градов дека Ристо Пенов и Андреј Жерновски добиле од газда на градежна фирма 200.000 евра за самостоен настап на локалните избори, је*емга дали е вистина? Кој би знаел? Можеби ќе ни помогне фатот дека пред скоро време Општина Центар платила на градежната фирма 2.000.000 евра и тоа не можам да проверам, може да, може не, пиша на Фејсбук Шиповиќ.[/kopa_block_quote]

Обвинувањата на Шиповиќ упатени на адреса на Жерновски не застанаа тука. Тој дополнително го обвини градоначалникот дека си организирал приватни патувања во кои се луксузирал со парите на жителите на општина Центар, плаќајќи скапи авионски билети и хотелско сместување, за да може да гледа фудбалски натпревар во Франција.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Градоначалникот ЛАЖЕ, на прашање на советник ИЗЛАЖА дека бил приватно во Франција а излегоа сметки за пат и престој кои ги платила Општината, лаже и дека со мене нема односи од моментот кога ме намести, Тој почна од првиот ден апсолутистички ( Груевистички ) да се понаша во Општината и од првиот момент немаме добри односи. Наместо да соработува со советниците за доброто на граѓаните тој соработува со луѓе вон Општината за свое добро, пишана Фејсбук Шиповиќ.[/kopa_block_quote]

На овие обвинувања од страна на Мирослав Шиповиќ, кој и самиот е обвинет за криминал, во одбрана на Жерновски застана рејтингашот Ѓорѓи Спасов, кој го спореди претседателот на Советот на општина Центар со „бесно куче“ кое требало да биде врзано позади куќата кога доаѓале гости.

Бранејќи го Жерновски, Спасов продолжи да го обвинува Шиповиќ дека бил поголем криминалец од Жерновски, со 40 годишно искуство, со тоа давајќи до знаење дека расправијата во СДС не е за тоа кој е или не е криминалец, туку кој е поголем криминалец.

К[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]аменот од блиску доаѓа
Шиповиќ го обвинува Жерновски за криминал.
Тврди дека за правење криминал Женровски бил аматер а тој професионалец и затоа лесно можел да го улови.
Тоа е тој Шипо за кого, кога го затворија, сите протестиравме и пишувавме ” Слобода за Шипо”
Сега се чини дека прави се за бандата која го затвораше да се врати на власт во општина Центар.
Но има една анегдота од времето на Тито која е применлива за вакви случаи.
Кога Тито прв пат ја посетил Америка, ноќта спроти средбата со американскиот претседател под прозорот на хотелот во кој бил сместен, цела ноќ протестирале емигранти од предвоена Југославија и извикувале: Тито убиец. Тито криминалец и се и сешто.
Американскиот претседател утредента му рекол на Тито: Се надевам дека синоќа не ви пречеа демонстрантите под вашиот прозор. Но знаете. Ова е демократска земја.
Тито потегнал еден дим од пурата и му рекол.
Господине претседателе. И ние во Југославија имаме кучиња.
Ама кога знаеме дека ни доаѓаат гости, ги врзуваме во задниот двор да не им пречат на гостите.😊 – пишува Спасов на неговиот ФБ профил.[/kopa_block_quote]

Во општата расправија за тоа кој е поголем криминалец се јави и директорот на Паркинзи на општина Центар Саша Богдановиќ, кој се обиде да го заштити Мирослав Шиповиќ, велејќи дека тој немал да дозволи да се напаѓа неговиот претходник.

Богдановиќ на јавноста и е познат по скапите ручеци во кафеаните низ Дебар Маало, но и високите сметки кои ги правеше заедно со неговите пријатели во ресторани и кафани кај северниот сосед, кои патем беа плаќани со средства од ПОЦ.

По обидот Саша Богдановиќ да го одбрани Шиповиќ, следеше и ново обвинување на негова сметка од страна на Ѓорѓи Спасов и Никола Наумовски (братучед на Радмила Шеќеринска) кој во еден од блоговите на опозицијата го обвинил и Богдановиќ дека бил криминалец.

По ваквото обвинување од страна на Спасов и Наумовски на сметка на Богдановиќ, во расправијата се вклучи и самиот Мирослав Шиповиќ кој пак започна со детална елаборација на криминалите на Жерновски, со цел да се дефокусира расправијата од криминалот на Богдановиќ.

На ова реагираа и членови на СДС, кои незадоволни од меѓусебното препукување на раководството на партијата во Центар, заклучија дека всушност нивниот партиски труд бил за ништо, и дека на крајот само „кучињата јаделе“, а потоа лаеле по членството.

Еден од членовите ја сублимираше ситуацијта во една реченица.

Во расправијата се вклучија и повеќе членови на партијата, кои го повикаа Шиповиќ да не се глупира и да се повлече. На ова реагираше Шиповиќ со оправдување дека не тој, туку Жерновски бил криминалец кој украл 1.5 милиони евра.

На крајот, граѓаните кои ги следат профилите на гореспоменатите партиски функционери на СДС, заклучија дека повеќе немаат намера да гласаат за Жерновски или за кандидат на СДС од проста причина што кај нив не се работи за тоа кој е подобар во работата, туку за тоа кој е поголем криминалец.

Претходно «
Следно »