„Во Собрание не се знае кој јаде кој плаќа. Вистински хаос, растрчани пратеници, полицајци и претставници на владата. Луѓе плачат, дел се кријат во канцелариите.“ – вака накратко ја опиша ситуацијата во Собранието репортерот на „Инфомакс.мк“ Борислав Стоилковиќ
Вистински хаос се случува во Собранието, откако на пребројувањето утринава владејачкото мнозинство констатирало дека се уште немаат обезбедено 2/3 мнозинство за изгласување на уставните измени, со кои според договорот од Преспа е предвидено и менување на Уставното име на Македонија.
Голем број на полициски сили се околу и во Собранието на Р.Македонија, а според репортерот на „Инфомакс“ истите добиле наредба за облекување на заштитната опрема, со што се отвара сомнеж за уште едно насилно сценарио во организација на актуелната власт, налик на она од 27.април.
На социјалните мрежи пак се шират шпекулации дека во една канцларија се затворени четири пратеници на опозицијата, кои биле под силен притисок од владејачкото мнозинство.
Емилија Александрова, Нола Исмајлоска Старова и Владанка Авировиќ се во Собрание, на втори спрат затворени во канцеларија.
Телефоните им се земени.
“Демократски” муабети се прават со координаторот Тунтев.
Се слуша плач…..— Пази ЛЕЏА #Бојкотира (@LOshGZE) October 19, 2018
Претходно пак, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес конференција која ја водеше пратеникот Антонио Милошоски на која побараа Џафери без одлагање да го стави предлогот на гласање, за да се стави крај на шпекулациите.