Не се опкружувајте со луѓе што пренесуваат нeгaтивнa eнeргиja

Поврзано

Замислете си каде сакате да се видите себеси во иднина

Овен Држете се до вашите вредности и денот ќе помине без никакви проблеми. Не ги слушајте многу другите, водете се...

Можеби ќе се чудите колку добро ви оди во љубовта

Овен Може да се надевате на позитивен исход од разговорот што ве чека. Доколку не сте задоволни од моменталната состојба...

Организирајте го вашиот ден веднаш штом ќе се разбудите

Овен Ќе покажете дека сте подготвени да го менувате она што не ви одговара на деловно поле. Саканата личност ќе...

Овен

Ќе бидете преокупирани со обврски, но не дозволувајте да се заглавите само со нив. Најдете време за себе, да се релаксирате и да се социјализирате. Сепак, одбирајте го друштвото и не се опкружувајте со луѓе што пренесуваат негативна енергија. Не ја покажувајте посесивната страна во љубовта и покажете повеќе доверба кон партнерот дозволувајќи му да се докаже.

Бик

Најдоброто нешто што можете да го направите денес е да бидете она што сте. Луѓето лесно ќе ги препознаваат лажните насмевки и неискрените зборови. Реагирајте импулсивно, без да размислувате премногу, така ќе бидете и најискрени. Покажете ги вашите кулинарски вештини и вечерва организирајте средба под вашиот покрив. Уживајте во романтичната вечера.

Близнаци

Љубовниот живот ќе биде полн со контрадикторности. Држете се до своите ставови и не дозволувајте партнерот да го има главниот збор, бидејќи вие сте тие што сте рационални во врската, додека вашиот партнер сонува и идеализира. Остварувањето на вашите желби ќе биде многу возможно, бидејќи ве очекува покачување на платата. Во попладневните часови опуштете се во друштво на семејството.

Рак

Ќе се обидете да споите опуштено излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со стари познаници или навики. Ќе се двоумите околу вложување енергија во работата. Секој труд кога – тогаш ќе се исплати. Партнерот ќе ви покаже дека сака да преземе посериозни чекори во односот со вас.

Лав

На љубовно поле, критикувањето на партнерот стана ваша лоша навика. Вие не се изјаснувате за вашиот сопствен карактер. Најлесно е да ги обвинувате другите за сè. На професионално поле, Лавовите одлично собираат и уште подобро одземаат. Трговијата е идеална професија за вас. Вие станавте специјален економски експерт! Здравје – сè мора да биде под ваша контрола. Инаку, веднаш се разболувате.

Девица

Ве очекува поволен ден за работа. Може да бидете смирени и да очекувате поволна ситуација. Ќе се сретнете со личност која е подготвена да го направи првиот чекор со цел да стапи во врска. Можно е да не сте подготвени да стапите во сериозна врска и да бегате од обврските. Се чувствувате одлично! Ако очекувавте нова работа, денес ќе бидете задоволни. Дадена ви е шанса да напредувате.

Вага

Може да очекувате стабилност на деловно поле. Поволен ден, не ве очекуваат никакви стресови. Тешко ги покажувате емоциите кон личноста која ви се допаѓа поради стравот од одбивање. Ако сте слободни, може да се случи флерт со личност која е веќе во врска или во брак. Размислете добро, дали сакате да се впуштате во таков однос. На крајот, можете вие да изгорите и да страдате.

Скорпија

Денес никој и ништо нема да може да ви застане на патот. Вие не сте загрижени за вашата професија и сè оди според планот. Задоволни сте од вашите перформанси. Можно е да се двоумите за промени во областа на љубовта. Бидете подготвени за тоа. Сфаќате дека сè уште го сакате вашиот поранешен партнер. Денес сте малку почувствителни. Мал пад на имунитетот.

Стрелец

Доколку прославувате нешто, немојте да претерате со јадење и алкохол. Денес ќе донесете и некоја важна одлука која ќе биде причина за позитивни промени во иднина. На поле љубов ќе бидете пријатно изненадени од некоја промена. Само избегнувајте ги важните одлуки во врската. Исклучете ги мислите, слушајте го вашиот внатрешен глас и ќе откриете мир во себе.

Јарец

Јасна е вашата добра волја и оптимизам, но кога околностите и не ви одат од рака, ви останува да бидете малку потрпеливи. Добивате можност да ја покажете умешноста во делот на креативноста, уметноста или декорирањето. Ве чека период во кој ќе направите поголеми компромиси во работата. Можеби не сте подготвени да му признаете на вашиот партнер кои се вашите чувства кон него.

Водолија

Вашиот ентузијазам целосно ќе ја промени атмосферата во вашиот пријателски круг. Ќе станете срцето на вашето друштво, правејќи сите да се чувствуваат сакано и среќно. Ако некој ваш пријател беше несигурен, сега ќе му влеете огромна самодоверба. Гледајте магија! За првпат по долго време ќе се смеете наглас со сите ваши пријатели. Нема да ви треба алкохол за да танцувате како да сте сами на светот.

Риби

Направете компромиси во љубовта за да внесете повеќе хармонија и романтика. Квалитетите како
претпазливост, предвидливост, професионалност и способност да учите од грешките ќе се појават во вистинскиот момент. Силните страсти и желбата да биде само по ваше може да ви предизвика само проблеми – ќе се судрите со отпор и ништо чудно да си ја удрите главата во ѕидот.

Актуелно

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Чаир

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за премиер на претстојните парламентарни избори, одржа средба со жителите на Чаир....

(Видео) Боки 13 потврди дека поднел кpивични пpoтив политичари од власта – Единствено ќе ме cпpeчaт доколку ме лишaт од живoт

Со порака дека единствен начин да го спречат е да го убијат, Боки 13 од Шутка потврди дека кривичните пријави ги поднесува против политичари...

Во Македонија може да биде следен и прислушкуван секој

  Ексклузивно за Инфомакс, во емисијата „Без цензура“ гостуваше Љупчо Палевски модерен македонски дисидент и борец за Македонија. Палевски е човекот кој ја разоткри...

Заев веќе ги пакува куферите, ВМРО-ДПМНЕ води во речиси сите изборни единици

ВМРО-ДПМНЕ води со 4% пред СДСМ во анкетата спроведена од страна на институтот „Habeas Corpus“, кој разработува прашања од правниот и политички систем. Анкетата на...

Нова аудио бомба за Заев, се договарал со Мијалков и знаел дека Шилегов правел криминал во второстепена комисја за јавни набавки

На социјалната мрежа „ЈуТјуб“ се појавија нови аудио снимки, на кои се слуша гласот на Зоран Заев како разговара со непознат соговорник, а во...

Повеќе вести