НЕ CAKAМЕ ДЕЦATA ДА НИ РАСТАТ НА ГPAДИЛИШTE: Најавен пpoтecт пpoтив изгpaдба на нова градинка во школскиот двop на „Блаже Конески“

Поврзано

ДИК вечерва нема да соопшти која партија колку мандати освои

Од обработени 93,96 од падатоците коалиицијата на СДСМ освоила 36,13 отсто од гласовите, а за коалцијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ...

Народот избра обнова, влегуваме во трка за составување на нова влада

Победивме во голем број на општини, во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Пехчево, Велес, Градско, Охрид, Илинден, Петровец… Факт...

ВМРО-ДПМНЕ 47 пратеника, СДСМ 47, Левица 2 пратеника

47 пратеника ВМРО-ДПМНЕ, 47 пратеника СДСМ – ова се последните пресметки на ВМРО-ДПМНЕ за бројот на пратенички места освоени...
- Advertisement -

Во дворот на основното училиште „Блаже Конески“ во скопската населба Мичурин, на местото на теренот за кошарка, ќе никне детска градинка, откако таму пред неколку години беше изграден угостителски објект.

 

Револитиpaни од ваквата одлука, родителите и учениците утре во 12 часот, ќе одржат мирен пpoтест, со цел да изразат незадволство поради изградба на градинка во дворот на училиштето, односно делот каде што децата се рекреираат и имаат спортски активности.

 

Тие велат дека на овој начин сакаат да им порачаат на одговорните лица дека нема да дозволат изградба на градинка во дворот на училиштето. Родителите реагираат дека со изградбата целосно ќе се затвори просторот на училиштето и децата ќе немаат простор за играње.

 

Бараме сите активности за изградба да престанат – ВЕДНАШ.
Бараме да се стопира секаков план за изградба на друг објект во рамките на училиштето затоа што:
– не сакаме децата да ни учат и растат на градилиште и да дишат прашината
– не дозволуваме да им го земете просторот за игра!
Бараме градоначалникот Златко Марин и сите вклучени во проектот да донесат одлука базирана врз аргументи и во интерес на жителите на општината, пред сè, на децата.

На општина Аеродром, која е пренаселена во изминатите години, откако се изградија нови згради на секој слободен простор, секако ѝ се потребни нови градинки, но не на штета на други деца. Според претходните планови, градинка требаше да се гради на просторот на старото игралиште „Југ“, кое во моментов е руина и див паркинг. Зошто овој план е стопиран?
Зошто не се прошират и надградат постоечките објекти на градинки во близина на игралиштето што сакаат да го уништат – Калинка, Изворче, Бубамара…?
Зошто не се обидете да најдете пристојна локација и урбанистички оправдано решение?

Училишниот двор на ООУ „Блаже Конески“ веќе е делумно уништен со тоа што под концесија е даден дел од дворот, простор на кој денес се наоѓаат кафана, кафуле и игротека. На ниедно од овие не им е место во училишен двор – еве каде може да ја градите градинката.
Советот на училиштето подготвува петиција до општината со која ќе бара да се промени одлуката.

Од општина Аеродром објаснуваат дека ќе се градат две градинки, бидејќи нема каде да се прифатат малите деца.

Според ДУП за градска четврт И11, претходното раководство на посочената локација има впишано маркичка В2 за здравство и социјална заштита – детска градинка. Општина Аеродром има план да изгради две нови детски градинки во овој дел на општината, затоа што е зголемена потребата на жителите од вакви објекти. Кога ќе се почне со изградбата на градинката, ќе се изгради ново спортско и детско игралиште во дворот на ОУ „Блаже Конески“. Училиштето располага со голем училишен двор, каде што има место да се изгради и нова детска градинка – објаснуваат од општината

Latest News

ДИК вечерва нема да соопшти која партија колку мандати освои

Од обработени 93,96 од падатоците коалиицијата на СДСМ освоила 36,13 отсто од гласовите, а за коалцијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ...

Народот избра обнова, влегуваме во трка за составување на нова влада

Победивме во голем број на општини, во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Пехчево, Велес, Градско, Охрид, Илинден, Петровец… Факт е дека народот ја посакува...

ВМРО-ДПМНЕ 47 пратеника, СДСМ 47, Левица 2 пратеника

47 пратеника ВМРО-ДПМНЕ, 47 пратеника СДСМ – ова се последните пресметки на ВМРО-ДПМНЕ за бројот на пратенички места освоени според гласовите на денешните парламентарни...

(Видео) Во живо: Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/951003045367651

Ѓорчев: Имаме тесна трка, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја составува новата влада

Имаме тесна трка меѓу коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на Телма. -Факт е дека имаше помала излезност...

More Articles Like This