НИКАКО ДА ЗДИВНАТ: Смртоносни пајаци се појавија во Австралија поради обилните дождови

  • January 22, 2020
  • Коментари

По пожарите и поплавите во Австралија, експертите ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни од можната појава на смртоносни „левак“ пајаци, поради условите што се создадени за нивен развој.

Тој вид пајаци е присутен во влажните шумски области во источна Австралија и е познат по отровот кој многу брзо дејствува, јави Си-Ен-Ен.

Австралискиот парк за рептили предупреди дека нивната активност во последните денови е зголемена.

– Поради неодамнешните дождови и топлото време, очекуваме отровните „левак“ пајаци да почнат да се движат наоколу. Тие се најопасниот вид пајаци во светот и тоа мора да го имаме предвид, рече портпаролот на паркот Даниел Рамсеј.

Според експертите, агресивноста и отровот на овој пајак во најголем број случаи предизвикуваат смрт.

Претходно «
Следно »