December 8, 2021, 3:37 am

Никовски: Со Бугарија, ние го изгyбивме достоинството, тие не гaзaт, пoнижyвaaт и си играат мајтап со нас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние не направивме ништо, во однос на проблемот со Бугарија и тоа што таа земја не дозволи Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, изјави поранешниот дипломат Ристо Никовски во емисијата „Филибастер“ на Радио Лидер.

@Ние го изгубивме достоинството. Нашиот претседател патуваше во Рим, заедно со бугарскиот претседател, кога тие таму не газат не понижуваат, вие прифаќате да се возите со неговиот авион. Претседателот го фалеше, а тоа држава со минимално искуство во дипломатијата нема да го дозволи. Вториот срам беше со вакцините. Нашиот министер отиде во Бугарија, а уште Бугарија ни нема дадено вакцини. Тоа беше чиста пропаганда. Тие навистина си играат мајтап со нас и не прават магариња. Борисов ни одржа лекција, си играат со нас, како да сме играчка. Тоа е недостаток на било каква дипломатија и не води кон бездна, ако не превземеме ништо. Македонија води една погрешна надворешна политика, изјави Никовски

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This