НИКОЛА ДИМИТРОВ СВИТКА КИЧМА, ПА ТВИТЕР РЕАГИРАШЕ: И Александар Велики ќе биде Бугарин?

  • July 9, 2017
  • Коментари

Попладнево порталите под контрола на власта објавија штура информација дека македонскиот МНР Никола Димитров имал средба со неговата колешка од Бугарија Екатерина Захариева на која „постигнале договор за компромис“.

Оваа средба доаѓа по фамозната најава на Зоран Заев дека сме на прагот на договор за историски договор со Бугарија при што ќе се сложиме на славење заедничка историја, но фали да се договори само уште една мала ситница.

Според досега виденото и слушнатото, Заев на Бугарите им го „продаде“ Илинден како празник кој досега никогаш не го славеле, а сега ќе го слават во Крушево заедно со нас, како и тоа дека во духот на добрососедството сите ќе треба да се поклонуваме пред споменици како оној во Софија на кој стои дека Самоил бил бугарски цар, за да не ги нарушиме односите кои Заев, Димитров и СДСМ толку внимателно ги градат со нашите комшии.

Но, и оваа средба која Заев ја најави како „пиење кафе за да се дотера една ситница од договорот со Бугарија“ повторно помина без објавување на ниту еден детаљ за тоа што се договараат меѓу себе двете земји. Во таква ситуација, очекувано беше твитер заедницата да реши да ги земе работите во свои раце, и знаејќи го капацитетот и афинитетите на Димитров, Заев и колегите од владата, да претпостави што е тој мал ситен компромис кој бил договорен.

Ги избравме најкреативните наслови кои ја откриваат мистеријата за тоа што меѓусебе договориле Димитров и Захариева и која е „малата ситница“ која ја крие Заев, заедно со криењето на содржината на договорот, од македонската јавност цел еден месец:

Претходно «
Следно »