НИКОЛА И НИКОС БИЛЕ ДРУГАРЧИЊА: Поради виткањето на кичмата, Грците признаа дека со СДС е полесно да се преговара

Поврзано

МЕРКИТЕ ДАЛЕ РЕЗУЛТАТИ: Заев вели сме можеле да се носиме со кризата

Здравствните власти од почетокот на пандемијата носат издржани одлуки, врз основа на фактичката состојба и експертиза, напиша денеска претседателот...

КОРОНАТА НЕ СТИВНУВА: Филипче претставува лажна смирeност, а бројките говорат спротивно на тоа

Короната не стивнува, случајот "Рекет" води директно кон Заев, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Факти на денот: 1....

ВЛАСТА КРИЕ НОВОЗАБОЛЕНИ?: Дали власта ги фингира бројките на заразени за да се креира лабава атмосфера на новото нормално на Заев?

Власта вечерва ги корегираше бројките на новозарaзени од коронавирусот во Македонија. Како 67 станаа 76 ново заболени. Тоа се...

На вчерашната средба меѓу МНР на Македонија и Грција во Атина, Никос Коѕијас и Никола Димитров, грчкиот министер „откри“ една голема јавна тајна – дека на грчката страна секогаш и е полесно кога преговара со СДСМ.

„Задоволни сме што соседната земја го најде патот за стабилноста, навистина сме задоволни со се што чувме за заложбите на новата влада и премиерот Зоран Заев. Преговорите стануваат попријатни“, изјави меѓу другото Коѕијас после средбата со Димитров.

Тој исто така додаде дека без промена на името на земјата нема да има промена на грчките позиции во однос на приемот на Македонија во НАТО и ЕУ. Имајќи предвид дека Заев одамна најави виткање на кичмата во спорот со името, како и дека на СДСМ не и приличи да биде патриотска партија, може да се претпостави зошто на Коѕијас и Грците им пречело ВМРО-ДПМНЕ, а работите им одат глатко со СДСМ.

Токму проблемот со името на земјата и еластичната кичма на СДСМ според многу аналитичари беа клучни во нескриената поддршка која пред, за време на и по изборите ја добиваше СДСМ за да формира влада по секоја цена. Според аналитичарите, интересот за територијата на Република Македонија за некои силни центри не подразбира „виткање на раката“ на Грција, туку виткање на кичмата на Македонија, за што секогаш е подобар човек кој сам се пријавува дека е подготвен да ја заврши работата – како Зоран Заев.

Доказ за ова е што промената на името стана една од првите задачи на антиреформската влада на Заев, а не 500 евра плата, 100.000 плата за доктори и другите работи кои Заев ги ветуваше, а не се зафаќа со нивно исполнување.

Се зборува дека Никола Димитров е одбран токму за да ја изврши оваа задача, а средбата со Коѕијас само ги потврдува овие шпекулации. Признанието на Коѕијас доаѓа неколку дена после срамниот и тажен почеток на дипломатската кариера на Никола Димитров кој во интервју за Фајненшел Тајмс најави дека Македонија е подготвена за промена на името за да се интегрира во НАТО.

Уште еден момент кој го забележа јавноста беше, како што коментираат луѓето по социјалните мрежи, „сервилниот и умилкувачки тон“ со кој пред камерите настапи Димитров, покажувајќи голема понизност пред Коѕијас во попуст обид да е духовит.

Актуелно

ОФИЦИЈАЛНО: Скопјани, тетовчани, кумановчани и штипјани во 4 дневен карантин?!

Заради зголемениот број на ново дијагностицирани случаи со ковид-19 во земјата, денеска Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче...

(Фото) НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР: Кичеец фотографиран како ужива во сонцето на охридското крајбрежје

Социјалните мрежи ги преплавија фотографии од второобвинетиот, веќе осуден за случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец. Еден од главните ликови во аферата од пред еден...

ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАА: Потврдени 101 нов случај на ковид-19 за едно деноноќие

Четворица пациенти починаа, а 101 нов случај на ковид-19 во Македониија регистира Министерството за здравство за едно деноноќие. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

ПАНИКА НА ИЛИНДЕНСКА: Вонреден состанок во Влада, можно е воведување на рестрикивни мерки

Во Влада се одржува вонреден состанок по неофицијалните сознанија дека бројката на новозаразени изнесува повеќе од 100 лица од кои 59 се од Скопје. Најголем...

АКО ЗА НЕШТО СЕ КРИВИ ГРАЃАНИТЕ, КРИВИ СЕ ШТО ВИ ВЕРУВАA!

Нова нормалност, се изнаслуша целата македонска јавност изминатите неколку недели откако се направија низа на погрешни чекори во справувањето со пандемијата на новиот коронавирус....

Повеќе вести