НИКОЛОВ: Мора да се знае дека последниот збор за мерките го има Владата, не здравството и професионалците

Поврзано

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот мoлк

По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и...

Во тpкaтa за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Граѓаните на Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии...

Мицкоски во Штип, носителите на листи на средби со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и носителите на листи денеска ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава...

Потребно е да се апелира до членовите на Комисијата за заразни болести да одлучуваат и работат на основа на професионалните стандарди, бидејќи факт е дека одлуката е на Владата, рече доктор Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.

-На почетокот имаше лекар од Инфективната клиника кој беше во Дебар каде успешно заврши целата работа, а беше во Комисијата. Кога виде дека никој не го слуша самиот се повлече. Така да дел од колегите и протестираат што политиката ги преиначува нивните одлуки, но тоа не го прават јавно, рече Николов.

Според него се прават многу пропусти. Тој вели „ние ја немаме ни основната информација дали здравствените работници го шират вирусот, тука нема скрининг“ и дополнува: „Сега излегуваат нови кластери, се нема контрола на кластерите. Тоа ни блокира се. Ни ја блокира државата, економијата. А ние цело време апелираме, на дневна основа кажуваме, но ги спроведуваат мерките многу доцна“.

Николов укажа дека мерките треба да се прилагодат на ситуацијата.

-Требаше да се делува поединечно по состојба во општините, беа потребни прецизини и соодветни мерки за секоја ситуација. Ако ни е одличен здравствениот систем како што ни кажуваат зошто има толку починати од корона, ако беше добар немаше да имаме ваква ситуација, посочи Николов.

Актуелно

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Крива Паланка

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, вечерва оствари средба со жителите на Крива...

(Видео) И Ники пролупа, не е лесно кога треба да одговараш за велепpeдавство

Досега невидено издание во јавноста на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој на вчерашниот предизборен митинг на СДСМ покажа многу емоции кои досега...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Кратово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со жителите на Кратово. Следете го во живо неговото...

(Видео) Избришана последната “бoмбa” со “кoмбинaциитe” на Заев за промена на името

Видео платформата Јутјуб од непознати причини го урнала профилот од кој беше објавена последната бомба за Зоран Заев во која тој зборува како се...

МИХАИЛОВ : Додека криминалот и поткупот со дрва влегува во финалната фаза, првиот шумски полицаец парадира на партиски средби!

Дали и во кое својство првиот човек на шумската полиција и тоа во работно време парадира покрај генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, а...

Повеќе вести