May 16, 2021, 10:25 am

Николовckи подава paka кон ВМРО-ДПМНЕ за заедничка бopба пpoтив kopупциjaта

Поврзано

- Advertisement -

Владата најави дека оваа година ќе биде антокорупциска и дека влегува во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа . Минатата недела го презентираше и Планот за борба против корупцијата кој меѓу другото предвидува борба против корупцијата во Владата но и на, како што најавија, демонтирање на режимските остатоци од поранешната влада. После најавата на Антикорупцискиот план и изгласаната доверба на Владата во Парламентот, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и понуди заедничко дејствување.

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски за МИА рече дека со режимското владеење од 11 години на претходната власт, била заробена и извршната и судската власт. Според него деинсталирање на режимот значи широка акција на сите нивоа и дека токму поради тоа е подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ за демократски исчекор.

-Кога велиме деинсталација на режимот, тоа значи широка акција на сите нивоа на политика и на сите нивоа на власт, од ослободување на Владата од режимските стеги, преку прекинување на ланецот реваншизми, па сѐ до прочистувањето на судството. Тоа е и нашата најнова иницијатива за поттикнување демократски исчекор кај ВМРО-ДПМНЕ, преку заедничко дејствување за напредокот на државата. Тоа е шанса за демократизација и промени во самите политичките партии, а најмногу во ВМРО-ДПМНЕ. Ние како Влада, го покажавме нашето визонерско размислување, со самото тоа што после неколку дена од изгласана доверба во Парламентот, премиерот Заев подаде рака за дебата за национално помирување, што е доказ не само за лидерство, туку и за висока политичка свест кога е во прашање решавање на проблемите на граѓаните и создавање подобри услови за живот, нагласува Николовски.

Latest News

Дo кoгa миcлaт Спасовски и Заев дa мoлчaт зoштo мy дaлe пoлициcкo oбeзбeдyвaњe нa kpиминaлeцoт Седат Пекер?

До кога мислат Спасовски и Заев да молчат зошто му дале полициско обезбедување на криминалецот Седат Пекер?! Полициско обезбедување...

More Articles Like This