НИКОЛОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ е на страната на народот и не прифаќаме промена на името Македонија

  • October 26, 2018
  • Коментари

Ние како народна партија застанавме на страна на народот пред и за време на референдумот и имавме јасен став од самиот почеток на овој процес завршувајќи до сега, дека ние сме против Преспанскиот договор и не прифаќаме промена на името Македонија, изјави Николоски на гостувањето во дебатната емисија „Отворено на Алфа“.

Николоски образложи дека ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, никогаш не користела методи како СДСМ.

-Додека СДСМ  се служеше со директни закани, уцени понатака обид за поткуп и физички закани, а кај некои и пратеници и со закана за затворски притвор се со цел да се изгласа договорот помеѓу Заев и Ципрас. Тоа е стилот на СДСМ, кој ВМРО-ДПМНЕ ниту го користело ниту ќе го користи. ВМРО-ДПМНЕ единствено бидејќи е демократска партија со служи со методите кои ги залага демократијата, потенцираше Николоски.

Претходно «
Следно »