НИКОЛОСКИ ВО „ОТВОРЕНО СТУДИО“: На 30 септември ќе победи Македонскиот народ, а тој многу добро знае што треба да прави на тој ден!

  • September 12, 2018

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во oтвореното студио на телевизија Алфа уште еднаш го потврди цврстиот став на опозицијата, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ е против како што вели капитулантскиот договор за промена на името. Тој истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ ова ,,капитулантското дело’’ е непостоечко и ништовно, а неговата содржина е исклучително штетна по интересите на Република Македонија.

 

-ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со овој Договор, ВМРО-ДПМНЕ го смета овој договор за непостоечки за ништовен и смета дека неговата содржина е исклучителна штетна по интересите и на Република Македонија како држава и на македонскиот народ како мнозински народ во македонската држава и затоа смета дека ова е едно капитулантско дело кое што за жал беше потпишано од Заев и Димитров.

Николоски порача дека тој како и неговите сопартијци и натаму ќе им ги презентираат штетните страни на Договорот од Преспа, а граѓаните како резултат на тоа ќе знаат што да прават на 30-ти септември. За крај тој нагласи дека има голем број на политичари кои ги убедуваат граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот единствено поради свои лични бенефити и напредок во своите политички кариери.

– На 30 септември ќе победи Македонскиот народ, а тој многу добро знае што треба да прави на тој ден

Претходно «
Следно »