Николоски во програма во живо ја соопшти победата, Шекеринска разочарана

  • April 21, 2019

Во отвореното студио на ТВ Сител, Радмила Шекеринска тешко го прими очигледниот пораз на СДСМ во првиот криг на претседателските избори.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во живо на ТВ Сител ги читаше резултатите според кои по 85% пребрени гласови, ВМРО-ДПМНЕ води со околу 5 000 гласови, а кандидатката Гордана Силјановска има околу 303.000 гласови пред Пендаровски кој има околу 298.000 гласови. Според тврдењата на Николоски, кандидатот Блерим Река има околу 62.000 гласови а неважечки се околу 28.000.

Шекеринска, нервозно го гледаше соопштувањето на резултатите и посочи дека треба да се почекале официјалните резултати на ДИК, според кои Пендаровски победувал, без да каже со која разлика.

Претходно «
Следно »