Николоски: Зоран Заев не успеа да победи дома, Зоран Заев не успеа да победи во четвртата изборна единица

Поврзано

СПМ: „Caмo ниe и миниcтepoт Спасовски знaeмe кoлкy мнoгy пocтигнaвмe“

Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) денеска прославува една година постоење. Колку и дали постигнавме нешто? Постигнавме, многу стварно многу… Единствено...

Иницијатива на Темелков: Македонците од Македонија и од светот да го купат македонското земјиште што Заев го продава за 0,25 евра

Боби Темелков, Претседател на Светскиот Македонски Конгрес упати апел доо Македонците од дијаспората да се обединат и да го...

Туск по разговорот со Мицкоски: Владејачката партија да соработува со опозицијата, да се засили бopбaта пpoтив kopупцијата и да има независен cyдски систем

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денес оствари телефонски разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што објави Туск,...
- Advertisement -

Почитувани пријатели од четвртата изборна единица. Би сакал да ви се заблагодарам на сите кои што излеговте на Парламентарните избори и со својот глас придонесовте во развојот на демократијата во Македонија, напиша на Фејсбук Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во изборната единица 4.

Особено би сакал да се заблагодарам на преку 75 илјади жители на четвртата Изборна Единица кои што го подржаа бројот 14 и гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е највисок резултат за ВМРО-ДПМНЕ од сите шест изборни единици. Јас сум благодарен за вашата поддршка, исто така ВМРО-ДПМНЕ е благодарно за вашата поддршка. Од вкупно 19 општини во четвртата Изборна Единица, ВМРО-ДПМНЕ победи во 12 општини, а во две општини беше нерешено. Да го немаше масовниот поткуп и притисоците и уцените коие што се случија, ќе победевме и во останатите општини. За жал вчерашниот ден, како и целата кампања, беше пример како функционира власта на Зоран Заев, масовен поткуп, притисоци, уцени и закани. Двајца градоначалници од редовите на СДСМ беа фатени како вршат поткуп, а бројни други активисти и функционери на СДСМ го правеа истото. Го повикувам Обвинителството и надлежните органи, да реагираат и да ги расчистат овие инциденти затоа што овие инциденти го нарушија демократскиот процес на изразување на слободната волја на граѓаните.

И покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ победи во 12 општини во четвртата изборна единица. Зоран Заев не успеа да победи дома, Зоран Заев не успеа да победи во четвртата изборна единица. И затоа со сите пријатели, со сите подржувачи во четвртата изборна единица ќе продолжиме да се бориме против криминалот и корупцијата во Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за младите да ги зачуваме во Македонија, ќе продолжиме да се бориме за праведна цена на тутунот, ќе продолжиме да се бориме за праведна цена на земјоделските производи, ќе продолжиме да се бориме против зелената мафија и ќе продолжиме да се бориме за економската благосостојба на четворката.

Заедно продолжуваме!

Latest News

Пoчинaлe 17 лицa, peгиcтpиpaни 123 нoвoзaбoлeни лицa вo изминaтoтo дeнoнoќиe

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.598 тестирања, а регистрирани се 123 нови...

More Articles Like This