Николоски: Имаме kpиминална бaнда на власт затоа луѓето ја нaпуштaaт Македонија

Поврзано

Први сме по cмpтнocт, последни по имyнизација: Албанската опозиција бара остaвки од Венко Филипче и Илир Хасани

Следејќи го темпото на вакцинација на населението во Македонија и споредувајќи го тоа со европските земји, дури и оние...

Заев со апел до Пауновски: „Рамковните“ да се примаат на работа, а не да се води јавна вojна преку медиумите

Околу 750 лица вработени според Рамковен договор се веќе распоредени по институции, 350-360 остануваат за дораспоредување, поради правни формалности,...

Џафери за kpивичните: Не бре брат, јас не се преоптоварувам, ако сакаат нека поднесат уште 10 kpивични, но Собранието не се базира на Kpивичниот...

Ако сакаат нека поднесат уште 10 кривични пријави, но Собранието не се базира на Кривичниот законик туку на Уставот...
- Advertisement -

Добивам многу повици и вчера вечер и ова утро од луѓе кои што ја имаат напуштено Македонија кои што ми велат ова е основната причина зошто ја напуштивме Македонија, а тоа е дека нема владеење на правото и има криминална банда и криминална коалиција на власт, а за жал добивам и бројни повици и вчера вечер и утрово од луѓе кои што сакаат да ја напуштат Македонија од истата причина, тоа е од причина што велат дека имаме криминална банда и криминална коалиција на власт, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Би сакал да ги охрабрам и да ги повикам заедно да се избориме во оваа битка затоа што оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ е една чиста генерација, една генерација која што е надвор од овие криминално-политички договори, која што не е извалкана и која што има јасна, детерминирана волја да расчисти со криминалот и корупција на највисоко ниво и оваа криминална коалиција која што во моментот функционира во Македонија да оди онаму каде што и е местото, а тоа е во затвор, рече Николоски и истакна:

„Доаѓаат подобри времиња за Македонија преку рушење на оваа власт многу брзо и предвремени парламентарни избори. Затоа ги повикувам сите граѓани на Македонија да не поддржат во оваа битка, да останат во Македонија и заеднички да ја направиме Македонија поубаво место за живеење и да ја направиме место во која што ќе функционира правната држава“.

Latest News

Серија земјотреси регистрирани на Балканот

Регионот на Балканот последните неколку месеци забележува засилена сеизмичка активност, често и по неколку пати дневно. По земјотресот со јачина...

More Articles Like This