Николоски: Нема фирма која не е изpeкетирана, првпат видовме политичар како зема кеш

Поврзано

Мисајловски: Се обврзувам дека ќе го дадам својот максимум за обнова на Куманово

Тоа го заслужува градот кој е најголем во Македонија, а сепак се дави во урбан хаос. Се дави во...

МИЦКОСКИ: Заев е подготвен буквално на сѐ, само за да остане на власт

Во интервју за Курир, кое интегрално ќе се емитува утре, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потенцира дека, за жал,...

ДУРЛОВСКИ: Дoлжност и чeст е да и се служи на татковината, на секој начин, па и преку политиката

Игор Дурловски во интервју за Фактор проговори за размислата да биде носител на листа на идните парламентарни избори. Тој...
- Advertisement -

Кампањата е веќе започната, во четвртата изборна единица каде што сум носител на листата на ВМРО ДПМНЕ ние сме фокусирани на граѓаните и нивните потреби. Имам секојдневни бројни средби со граѓаните и состојбата е повеќе од лоша, не може да се чуе еден добар збор во ниту еден сектор, било тоа да се земјоделци, мали или средни претпријатија, луѓе кои се занимаваат со угостителство, просветни и здравствени работници, сите велат дека до сега вака не било, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во четвртата изборна единица Александар Николоски во мини-интервју за неделникот Фокус.

-Од друга страна ние ја презентираме нашата програма која е детална и ги опфаќа сите сегменти од нашето општество. Програма која содржи решенија за сите напластени проблeми во општеството. Луѓето знаат дека ние не работиме како нашиот опонент зборувајќи и ветувајќи популистички мерки, ние не ветуваме неизводливи нешта, не го мамиме народот и токму затоа граѓаните со доверба ја читаат нашата програма бидејќи до сега сме докажале она кое сме го ветиле тоа и го исполнуваме. Со ова сакам да потенцирам дека нашата кампања е целосно фокусирана на граѓаните и нашата понуда до нив – вели Николоски.

Тој ја акцентира ситуацијата со здравството и здравствената криза предизвикана од корона вирусот, истакнувајќи дека Владата предводена од СДСМ како никаде на друго место е фокусирана на политичките прашања и на политичките последици отколку на здравствените прашања и последиците врз здравјето на граѓаните и економијата. Според него, власта го загрози здравјето на граѓаните поради разни калкулации за политички поени.

-Резултат од таквото менаџирање на кризата е Македонија да биде црна точка на европскиот континент која е целосно затворена и изолирана. Како да се чувствуваат граѓаните на Република Македонија кога се позади земји од третиот свет како Бутан и Замбија кои можат да патуваат во земјите од Европската Унија додека македонските граѓани се затворени и го немаат тоа право? И за ваквиот катастрофален резултат владата одлучи да го обвини народот, секојдневно читаме разно разни навреди и омаловажувања упатени кон македонските граѓани од страна на властите и нивните експоненти – вели Николоски.

НИколоски за кампањата изјави дека не може да се води само со фокусирање на сопствената програмска понуда без притоа да се стави акцент и на противникот и неговите криминали.

Тоа се врзани садови, начинот на кој делуваше досега нашиот политички опонент како носител на власта во Македонија се отсликува и влијае на целото општество. Сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните произлегуваат од владиното делување додека нашите решенија кои ги нудиме се санација на она што е уништено токму од нашиот политички опонент. Ние сме фокусирани на програмата но не можеме и не смееме да го премолчиме она што е јавен интерес, не може да премолчиме кога секојдневно кај нас пристигнуваат граѓани и стопанственици кои немајќи доверба во институциите на системот се одлучуваат доказите за нивните голготи да ни ги достават нам. Нема една фирма која не е изрeкетирана, нема еден човек кој не е уценет, ние влеговме во политика за ова да го промениме а не да го премолчиме.

Во врска со Таканаречените „бoмби“ Николоски изјави дека тие се реалноста која граѓаните ја живеат секојдневно изминативе години. Тие се само потврда, еден вид доказ, за она кое сите го знаат. Снимките кои излегоа изминатиот период покажуваат дека Владата била целосно посветена во криминални шеми, за прв пат видовме политичар како зема кеш пари на рака и ги става во торба. Сите индиции за криминал кои ги посочуваше ВМРО ДПМНЕ досега беа отфрлани од обвинителството, најверојатно и овие снимки не ги сметаат за доказ. Дерогиран е комплетниот правосуден систем во државата, она кое го нарекуваа „Луи Витон“ cудство го надградија во „трас, трас“ cудство, паролите од типот „нема правда нема мир“ се докажа дека се пароли за дограбување до власт и целосна злoyпотреба на власта.

Николоски додаде дека не само што очекува, туку е и сигурен во победата на овие избори која ќе ја однесе ВМРО ДПМНЕ и ќе формираме влада. ВМРО ДПМНЕ досега правела коалиции врз програмски усогласувања па така ќе биде и сега. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уцени и политички дворски игри како што тоа го прави СДСМ, секако ќе имаме двоцифрена предност на мандати во Собранието и оној кој ќе коалицира со нас ќе мора да смета на програмска усогласеност и политика која ќе се однесува на сите граѓани подеднакво. Секако дека политичките резултати ќе го диктираат составувањето на парламентарно мнозинство бидејќи разликата ќе биде голема. Коалицирањето единствено ќе зависи од програмската усогласеност.

За крај, Николовски нагласи дека веднаш по изборите и по формирањето на новата Влада, ВМРО-ДПМНЕ, ќе се посвети на создадвање економски стабилна држава и посреќни граѓани.

Во наредните четири години ќе мора да се извади економијата од бездната во која се наоѓа, имаме презадолжени граѓани, најниски плати и пензии, секојдневно расте невработеноста, поразувачки се бројките во инвестициите, се намалува производството и извозот, нема капитални инвестиции, подвлече тој во инервјуто

Latest News

Ердоган ја „затвори славината“ и ocyди на жед милиони луѓе што живеат по течението на Еуфрат

Еуфрат е една од двете најважни реки во југозападна Азија. Од Турција тече преку Сирија до Ирак и се...

Пpoтести во Белград, дeмонстранти фрлaa со јајца и домати врз зградата на Народното собрание

Учесниците на пpoтестот фрлaa со јајца и домати врз зградата на Народното собрание на Србија, кога видоа дека пратениците излегуваат од зградата. Полицијата се обиде...

(Видео) Запленет имот и две телевизии на албански медиумски магнат поради трговија со дpoга

Албанските обвинитeли заплениле огромни средства што му припаѓале на бизнисмен и медиумски магнат, оcoмничен за изградба на неговата империја од трговија со дpoга. Специјалното јавно...

Руски научници откриваат кои средства за дeзинфекција го yбиваат кopонавирусот

Секое средство за дезинфекција го уништува кopонавирусот, изјави денеска директорката на Федералната служба за фитосанитарна супервизија на Русија (Роспотребнадзор), Ана Попова. „Секое средство за дезинфекција...

(Видео) Порака која ја крена Македонија на нозе: Кажи Северна бе овцо

Се чини Македонија го помина најтешкиот Илинден во својата понова историја, а можеби од памтивек. Граѓаните на Мечкин камен велат дека атмосферата била како...

More Articles Like This