December 8, 2021, 4:51 am

Николоски од Богданци: Oвие избори се клyчни, или Македонија ќе кpeне глaва, или Заев ќе пpoдолжи екoнoмcки дa ja пycтoшyвa и нaциoнaлно да ја понижyвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва на митингот во Богданци, истакна дека овие локални избори се референдум за одговор на прашањето дали Македонија ќе крене глава или Заев ќе продолжи економски да ја пустоши и национално да ја понижува.

-Јас сум убеден дека решението го имаме тука во Богданци, кандидатот и идниот градоначалник на општина Богданци, Марјан Пеев, детално ги наведе еден по еден проектите кои ќе ги реализира и познавајќи го како исклучителна вредна личност, образована и компететна личност јас сум убеден дека со неговиот тим од советници во општинскиот Совет заедно ќе ги реализираат проектите, истакна Николоски.

Тој рече дека од другата страна има човек бандит, криминалец, човек со десетици пријави до Антикорупциската комисија, човек кој нема да ја добие довербата и кој ќе биде поразен на 17-ти, а од 18-ти ќе одговара.

-Овие избори се референдум за иднината на Македонија, овие избори се клучни за да дадат одговор на прашањето, дали Македонија ќе ја крене главата или Зоран Заев ќе продолжи да ја пустоши и национално да ја понижува, рече Николоски во Богданци.

Николоски посочи исто така дека овие избори се референдум, дали власта ќе продолжи да лаже за уцените коишто доаѓаат од Бугарија и Зоран Заев ќе потпише нов договор по теркот на Румен Радев, како и тоа дека овие избори се референдум дали фамилијата на власт ќе продолжи да ја пљачка Македонија, или ќе си оди од власт.

Овие избори се референдум дали младите ќе останат или ќе си одат од Македонија, затоа е потребна масовна излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, порача Николоски.

Николоски повтори дека останувањето дома и гласањето за помали политички партии е исто како да се гласало за Зоран Заев, затоа што на Заев тоа му е целта, целта е луѓето да останат дома или да гласаат за помалите партии кои му се на финансиски список, а со тоа и тие малку граѓани кои ќе излезат да изманипулира и да се спаси, вели тој.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This