НИКОЛОСКИ ОД СТРУМИЦА: Тука за прв пат пред 12-13 години беше воспоставен kpиминaлниот систем на Заев

  • August 10, 2019

Денес сме во посета на Струмица и струмичко тука сме во Банско да се сретнеме со луѓето да поразговараме малце за актуелната ситуација и актуелните проблеми.

За жал гледаме многу нереализирани ветувања од страна на Владата, Банско е еден пример уште во 2009 година беше ветено дека тука ќе се изгради модерен и голем спа центар од кој што ќе може преку туризмот да приходува локалното население, 10 години подоцна тој проект не е реализиран што само зборува дека се даваат многу лажни ветувања а има малце реализација. Тоа беше ветување на Зоран Заев кога беше кандидат за градоначалник во 2009 година со тоа ветување меѓу другото ја освои довербата на граѓаните но не го реализира на ист начин како што не ја реализира ни индустриската промена во Струмица каде што ветуваше 3 слободни економски зони со 300 економски субјекти каде што би работеле околу 3.000 луѓе.

Гледаме дека економската зона ТИРЗ Струмица има само една фабрика тоа е „Џонсон Контролс“ која што дојде тука уште во време на претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ останатите зони се празни зјаат празни и практично нема ни една инвестиција.

Ако во минатото се даваа образложенија за несоработката помеѓу локалната самоуправа и тогашната влада сега нема никакво образложение затоа што токму Зоран Заев е премиер на Република Македонија.

Исто така имаме големи нереализирани ветувања во целиот регион на пример скоро и да не се работи на магистралниот пат од Штип до Струмица, кој што треба да биде експресен пат со 4 ленти кој што исто така беше започнат во време на претходната влада, проекти кои што се започнати во тоа време а се скоро запрени се исто така доградбата крило на општата болница, понатака патот кон Ново Село и стариот театар и ова што го гледаме во Струмица е еден патерн кој што се случува низ цела држава. Имено, она што беше започнато е запрено, нови проекти нема , ветувања огромни, реализација нула што само говори на кој начин се добивале избори и на кој начин за жал сега се владее.

Втора работа која што сакам да ја кажам во однос на Струмица и на актуелните случувања во државата е дека тука пред некаде два-тринесет години беше прв пат воспоставен овој систем на криминал и корупција каде што одредени структури преку своите бизнис и политички релации успеваа и себе да се корумпираат и да ги корумпираат останатите како начин на владеење преку една директна контрола на разни институции како што се судството, обвинителството, полицијата и т.н.

Гледаме дека тој модел кој што тогаш се случи овде во Струмица после тоа беше пренесен на ниво на држава но таквиот не дава резултати од многу едноставна причина затоа што веќе излегуваат лагите на виделина гледате дека овие денови имаме еден огромен скандал каде што она што долго време се зборуваше во јавноста е потврдено а тоа е дека највисоки челници на власта со денес објавените снимки и лично премиерот Зоран Заев биле дел од еден голем криминален октопод каде што бизнисмени се рекетирани во огромни суми на пари незамисливи за обичен човек со цел да издејствуваат нешто што покажува како владее оваа власт и затоа ден поскоро треба да си замине. Гледаме дека сме имале една корумпирана спрега на СЈО на премиерот и на луѓето блиски околу него и затоа очекуваме да се случат предвремени избори ден поскоро и Зоран Заев да замине ден поскоро.

Претходно «
Следно »