НИКОЛОСКИ СО ПОДДРШКА ДО КАВАДАРЧАНИ: Нема да дозволиме олигарх од СДСМ да го уништи земјоделието во Кавадарци!

  • October 29, 2018
  • Коментари

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата Јади бурек на ТВ Сонце, даде поддршка на кавадарчани кои се против изградба на топилница во Кавадарци, потенцирајќи дека не смее да се дозволи уништување на земјоделскиот род како и здравјето на жителите на Кавадарци само поради интерес на еден олигарх на СДСМ кој целиот капитал го створил во време на СДСМ.

-Денес сме апсолутно загрижени и ги поддржуваме кавадарчани во петицијата против изградба на топилница во Кавадарци. Затоа што тешката индустрија „Дома не благодарам“е нешто кое што ќе го уништи и Кавадарци и целата Тиквешија, затоа што сето она што го имаме како придобивка таму во делот на земјоделието, во делот на одгледувањето на грозјето и создавање на најдобро вино ќе се уништи, заради интерес на еден олигарх на СДСМ, вели тој.

Претходно «
Следно »