НИКОЛОСКИ СО ШОКАНТНИ ИНФОРМАЦИИ: Неверојатни 20 милиони евра биле изрекетирани од бизнисмени во Македонија

  • August 10, 2019

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска ги коментираше најновите снимки што излегоа за случајот „Рекет“, посочувајќи дека не е рекетиран само Орце Камчев, туку, според него, изрекетирани околу 20 милиони евра од повеќе бизнисмени.

Она што утрово го дознавме е дека тоа што ВМРО ДПМНЕ го зборуваше целиот изминат период е вистина, а тоа е дека за се бил информиран Зоран Заев. И како што напишав и јас во една колумна некаде кога изби скандалот, тој бил „капо ди тути капи“ на целата оваа операција, односно бил детално информиран за сите активности каде што има вмешани, односно ракетирани многу повеќе бизнисмени од овој еден кој што го гледаме во моментот. Сумите се вртоглави и надминуваат некаде 20-тина милиони евра – рече Николоски.

Во однос на прашањето каде завршиле торбите со пари што Боки 13 и Зоки Кичеец ги изнесуваат од домот на Орце Камчев, Николоски посочува дека тоа може да се утврди преку следење на телефоните преку базните станици.

Тоа обвинителството не го прави затоа што јасно е дека овде е намерата е да одговараат ситните риби и да се заташка се останато. Затоа што темелна истрага нема во овие месец дена, може ќе дознаеме после неколку месеци дека некој интервенирал и во телекомите за да се избришат овие податоци, но да се дознаеше тоа првиот ден тогаш ќе имавме релевантен одговор на вашето прашање – вели тој.

Претходно «
Следно »