December 9, 2021, 9:45 am

Николоски: Oтвopaње нoви paбoтни мecтa e пpиopитeт, ќe дoнeceмe нajмaлкy двe инвecтиции вo Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски утринава гостуваше во емисијата ,,Директно” на битолската телевизија Тера каде истакна дека во програмите на ВМРО-ДПМНЕ, конкретно за Битола приоритет е отворање на нови работни места и привлекување инвестиции кои ќе обезбедат дополнителни вработувања па потоа сѐ друго бидејќи број еден е луѓето да работат, затоа што ако нема работа, сѐ друго им е второстепено.

Николоски вети дека со победа на Тони Коњановски и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Битола ќе се донесат најмалку уште две инвестиции на ниво на ,,Кромберт и Шуберт”.

– Во Битола во последниве четири години имаме најава за затворање, а не за отворање фабрики и јас можам да дадам збор пред битолчани дека со победа на Тони Коњановски на овие локални избори и Влада која што ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ ние ќе донесеме најмалку уште две инвестиции на нивото на ,,Кромберт и Шуберт” затоа што има интерес, но оваа влада ги блокира, најави Николоски.

Николоски рече во овие четири години во Македонија предводена од власта на Зоран Заев, дојдени се точно нула инвестиции, односно две и пол, кои ако временски ако се гледа се потпишани и договорени од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа не е случајно туку дека се работи за концепциски проблем.

– Покрај неспособноста, покрај неработењето, корупцијата има тука и еден концепциски проблем а тоа е дека Зоран Заев е близок до криминалната олигархија која за без пари ги приватизираше фабриките во деведесетитте и од нив има сериозен притисок да не привлекуваат странски инвестиции затоа што странските инвестиции ги креваат платите и ја креваат цената на чинење на работната рака. А овие што ги приватизираа фабриките немаат никаква иновација, не се трудат и се обидуваат со ниски плати да работат и да заработуваат и затоа притисокот кон Заев е да не носи странски инвестиции кои покрај повисоки плати, носат и етика во работата, појасни Николоски.

Тој рече за разлика од политиката од СДСМ, нивната е различна и дека е убеден дека во 4 години по формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Битола ќе види најмалку две инвестиции.

Latest News

Бил Гејтс открива кога ќе дојде крајот на пандемиjaта

Коосновачот на Мајкрософт, американскиот милијардер Бил Гејтс, преку својот блог најави дека се надева дека критичната фаза на пандемијата...

More Articles Like This