НИКОС ПАПАТАНАСИС: До 1 јули Грција речиси целосно ќе се врати во „новата нормалност“

Поврзано

Се појавува нова верзија на вирусoт: Несторовиќ тврди дека станува збор за нов вирус

Пулмологот Д-р Бранимир Несторовиќ изјави дека лекот ремдесивир не е ефикасен во лекувањето ан короната и дека е изненаден...

Се затвараат сите џамии во Србија поради бројот на новозаболени

Мешихатот на исламската заедница во Србија одлучи да ги затвори сите џамии поради влошување на епидемиолошката состојба и зголемувањето...

Туристите ја вратија епидемијата во Грција, речиси половина од новозaразените се странци

Дека со порастот на бројот на туристи кои пристигнуваат во Грција расте и бројот на зaразени потврди вчерашниот ден....

Со исклучок на неколку конкретни бизниси и активности, Грција, до почетокот на следниот месец се очекува целосно да се врати во „новата нормалност“, откако ќе се спроведат и новите фази од планот на грчката Влада за дополнително олабавување на мерките, кои денеска ги презентираше заменик-министер за развој и инвестиции на Грција, Никос Папатанасис.

Во сабота се отвораат и внатрешните делови на кафулињата и угостителските објекти, на плажите ќе биде дозволена музика и алкохол, од понеделник почнуваат со работа ноќните клубови и коцкарниците, од 15 јуни фитнес центрите и музеите, од 1 јули е дозволено одржување конференции и концерти, а секако сите ќе работат под конкретни правила и прописи, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на месецов, постепено ќе се отвораат бизнисите на 6, 8, 15 и 29 јуни, а последната фаза е на 1 јули.

Поконкретно, од сабота, 6 јуни, се отвораат внатрешните делови на кафулињата и угостителските објекти, како и рестораните што се во рамките на хотелите.

Дозволено ќе биде едно лице на 2.2 метри квадратни, растојанието меѓу масите треба да биде меѓу 90 сантиметри и еден метар и 80 сантиметри во зависност од поставеноста на столиците.

Доколку во хотелите е предвидена шведска маса, тогаш ќе има задолжен келнер или вработен во хотелот што ќе ги послужува гостите, но ќе треба да има и заштитен плексиглас.

Гостите, задолжително ќе треба да одржуваат растојание од еден и пол метар.

Во истата фаза, од 6 јуни, на организираните плажи ќе биде дозволено да се постават маси, да се пушта музика и да се продаваат алкохолни пијалаци.

Два дена подоцна, на 8 јуни се отвораат дискотеките, ноќни клубови, коцкарниците, бизнисите што работат со интернет кафе, а важат истите правила како и за внатрешните делови на угостителските објекти.

Во внатрешноста на ноќните клубови забрането е користење на шанковите за гостите.

На 15 јуни, како што веќе е најавено се отвораат сезонски туристички објекти, со што ќе биде означен почетокот на туристичката сезона, а паралелно ќе се отворат и музеите, фитнес центрите, забавните паркови, спа центрите, сауните и бањите.

Две седмици потоа ќе се отворат камповите за деца, а од 1 јули дозволено е организирање конференции и саеми, претстави, концерти и уметнички настани.

Правилата и мерките под кои ќе работат бизнисите што се отвораат во последните три фази, односно на 15 и 29 јуни и на 1 јули, ќе бидат дополнително соопштени.

Како што соопшти надлежниот министер, постојат бизниси за кои сѐ уште не е одредено кога ќе започнат со работа, а како пример ги спомена, кината на затворено, казината, објектите за храна во училиштата, центрите за заштита на стари лица.

Во шестата и седмата фаза, односно во периодот од 6 јуни до 1 јули, на работа ќе се вратат 13 отсто од вработените, односно 89.000 лица, а одново ќе се отворат 63.000 бизниси.

-Со завршувањето на фазите на рестартирање на 1 јули, 670.000 вработени ќе се вратат на работа, односно 97 отсто од вработените кои беа на принуден одмор по наредба од државата, а 249.000 бизниси повторно ќе бидат отворени, односно 95 отсто од сите бизниси што беа затворени, рече заменик-министер за развој и инвестиции, Никос Папатанасис.

Актуелно

Си легна на брашното, Заев ќе коалицира со Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за МИА вели дека очекува победа на изборите, па дури и поддршка...

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

Повеќе вести