НИКОЈ НЕ ГО „ТРКАЛА“ НАРОДОТ: Багерите кај „Мајчин дом“ повторно почнаа со работа – зградата ќе се гради!

Поврзано

Eднократна парична помош за првачињата во Општина Аеродром

Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за...

Во Кратово до 9 часот гласале 6,32 отсто, а во Ранковце 7,51 отсто од избирачите

Излезеноста во Општина Кратово до 9 часот изнесува 6,32 отсто од обработени 19 од вкупно 37 избирачки места, информира...

Без вода дел од корисниците во Маџари

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека од 10:15 без вода ќе останат корисниците од улица „Маџари 2“ и дел...
- Advertisement -

Багерите повторно кренаа прашина во Аеродром, на местото кај Мајчин дом каде до пред еден месец имаше зеленило. Ја копаат дупката од каде за две години треба никне зграда.

Два дена откако Уставен суд пресече дека нема ништо спорно во документацијата за Деталниот урбанистички план за тоа место и дека тој е во согласност со Законот за урбанизам и просторно планирање – инвеститорот веднаш ги засука ракавите и се зафати со работа.

Петнаесет дена откако беше запрена изградбата со решение од општината – истата денес продолжи. Багери го раскопуваат зеленилото, овде во Аердром.

Инвеститорот Фатмир Етеми постојано ги смирува тензиите кај аеродромци. Им ветува дека освен зграда која ќе го разубави и урбанизира просторот, ќе вложи пари и во садење дрва и изградба на парк.

Од Општината Аеродром пак велат дека направиле се што можеле за целосно да ја спречат изградбата. Повеќе ништо не е во нивна моќ.

Градоначалникот Марин се надеваше на исход позитивен за него по претставките до Уставниот суд.

Сега наместо да го реши постоечкиот проблем, размислува како да превенира такви случаи во иднина.

„Следната недела ќе објавиме јавен повик за членови во партиципативно тело од областа на урбанизмот. Граѓаните и правните лица ќе можат да учествуваат во изготвување плански решенија за Општината и да спречат носење штетни ДУП-ови. Со ова гарантираме дека Мајчин дом никогаш веќе нема да се повтори,“ велат од Општина Аердром.

Во 15-те дена додека привремено беше запрена изградбата, градоначалникот Марин и инвеститорот Етеми седнаа на маса во обид да најдат решение. Преговараа за оштета, како и за заменска парцела – но, неуспешно. Неизвесноста околу зградата кај Мајчин дом ја расчистија од Уставен суд откако не одлучија во корист на претставките на 12 физички и правни лица доставени за ДУП-от на таа локација. Службите на Општината работат на внатрешна ревизија на Планот.

Latest News

Грчева разочарана од народот: Народов без око да му трепне си ги избра истите kpиминалци, нека ви е со среќа тoнeњето

Солза Грчева од Глас за Македонија го честиташе гласањето на вчерашните предвремени парламентарни избори, посочувајќи дека граѓаните дале глас...

ДУИ во Кисела Вода освоиле 44,9% од гласовите, покажуваат податоците на ДИК

Нова изброна нерегуларност се појави на стрнаната на ДИК за предвремените парламентарни избори. Откако претходно имаше нелогичност за победа на ДУИ во струмичко...

И твитер профилите на Илон Маск, Бил Гејтс и Обама под хaкeрcки нaпaд

На мета на ај-ти виртуозите покрај најбогатите луѓе на планетата Бил Гејтс, Џеф Безос и Илон Маск, се најдоа и поранешниот претседател на САД...

Спасовски: Додека не се формира новата Влада, актуелната Влада ќе функционира

Додека не се формира новата Влада, актуелната Влада ќе функционира и ќе работи со несмален интензитет во интерес на граѓаните, изјави попладнево на прес-конференција...

Апасиев: На Левица и се укpaдени 10.000 гласа, а СДС се обидува да ни го укpaде и вториот пратеник

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на прес-конференција рече дека се сомневаат дека партијата по вчерашните избори е оштетена за минимум околу 10 илјади гласа...

More Articles Like This