НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО СКРШИ ДУХОТ НА ЈОВАНОВСКИ: Актерот им пеел „Ајн, цвај, полицај“ на полицајците кои ја обезбедуваат судницата!

  • October 9, 2018

На пауза од судењето за организираниот напад на Собранието, по сведочењето на Никола Војминовски, осуден за обид за убиство на Зијадин Села, актерот Владо Јовановски, кој е еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, поминувајќи покрај полицајците кои го обезбедуваат судот, почна да им пее: „Ајн, цвај, полицај“, по што на другите обвинети, кои одеа паралелно со него на кафе, им рече: „Жими сведокот, како лилјак од пештерата на Матка“.

 

Војминовски, во сведочењето кажа дека кога влегол во Собранието, насоки добил од пратениците Љубен Аранудов и Сашо Василески и дека видел во толпата членови на обезбедувањето на Никола Груевски, лица со фантомки со значки од УБК и службени лица со радиоврски, но и дека поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов и Љубен Арнаудов разговарале дека очекуваат претседателот Ѓорге Иванов да прогласи вонредна состојб

Претходно «
Следно »